Технологијата напредува се побрзо и побрзо, а набрзо ќе можете да го користите својот паметен уред допирајќи ја сопствената кожа. Фирмата „Сикрет“ направила најнов вид паметни уреди . Сикрет брејслет претставува паметен уред во вид на нараквица, кој за почеток ќе работи со помош на паметен телефон, но целта е во иднина таа да работи самостојно, пишува Дејли меил. Телефонот може да биде во џеб, односно во близина, додека командите ќе гио вршите на својата кожа.Овој уред ќе биде и водоотпорен, така да ќе можете да го користите било каде. Со положбата на нараквицата ќе можете да одлучите дали сакате екранот да се појави на горната или на долната страна на вашата подлактица. За активација на уредот потребно е само малку да ја протресете раката лево- десно.
Корисниците ќе можат да ги користат сите функции како и до сега, само што наместо екран ќе ја допираат сопствената кожа. Мал проектор праќа слика од нараквицата на вашата кожа, а 8 сензори забележуваат каде се наоѓа вашиот прст за време на допирот и така пражќаат сигнал кој му овозможува на уредот да реагира на допирот.
Фирмата моментално собира средства за конечна реализација на проектот, а до сега во проектот вложиле 3263 инвеститори. Се очекува нараквицата да се појави на пазарот до јули 2015 година. Пзарната цена ќе биде помеѓу 379 и 470 евра, а нараквицата ќе биде достапна во различни бои.Овој уред ќе биде и водоотпорен, така да ќе можете да го користите било каде. Со положбата на нараквицата ќе можете да одлучите дали са
Пронајдете не на следниве мрежи: