Чудесен лек кој би можел да се бори против ракот, Алцхајмерот и дијабетесот би можел да се развие во наредните десет години, благодарение на ново научно откритие.
Кралскоит колеџ открил како да го исклучи ензимот кој се наоѓа зад многу неизлечиви болести.NMT ензимот прави промени на протеините кои ја спречуваат смртта на оштетените клетки. Тие потоа го забрзуваат нивното множење, предизвикувајќи рак.
Овој ензим исто така може да биде одговорен за рак отпорен на хемотерапија, а познато е и дека е поврзан со Алцхајмеровата болест, иако научниците се уште не се сигурни на кој начин функционира тоа.
Но, со истражување идентификувани се повеќе од 100 протеини со кои ензимот врши интеракција, но и молекулата која функционира како копче за исклучување.
Ова откитие би можело да доведе до создавање на нова генерација на лекарства кои ќе можат да се користат за голем број на различни болести.
„Ова отвара потполно нова авенија за третман на овие болести, и се функционира потполно поинаку од другите лекови кои во моментов се развиваат. Се надеваме дека тоа ќе биде едноставна пилула која можете да ја земете. Мислам дека ќе ни бидат потребни десет години за таа да се најде на пазарот покрај сите процедури и препреки кои не очекуваат“, изјавил предводникот на истражувањето, професор Ед Тејт од катедрата за хемија на Кралскиот колеџ во ЛондонNMT ензимот прави промени на протеините кои ја спречуваат смртта на оштетените клетки. Тие потоа го забрзуваат нивното множење, предизвикувајќи рак



