Политичкиот пристисок што се прави врз работата на Уставниот суд, е идентичен со оној што се прави врз јавното обвинителство и врз судството, како директна уцена и закана врз нормалното работење на државните органи, коментираат експертите по последните случувања во јавноста со темата околу Уставниот суд.Ова не е прв случај на СДСМ за притисоци врз Судот. Низа примери од минатото покажуваат дека тоа и нивен стил на однесување, полн со агресија и деструкција. СДСМ со насилни протести пред судовите во минатото се стави во одбрана на своите членови од легални судски постапки. И тоа често пати протестираа со пратеници, што е чист притисок на законодавната, партиска власт врз судската.
Јавноста ги памети насилни протести пред суд за на екслидерот, и поранешен министер, Владо Бучковски да не му биде одреден притвор за случајот со тенковските делови, собирање потписи за слобода и организирање на митинг за правда за фармерот Душко Илиевски од Битола во чиј двор беше пронајден канабис, протести пред суд со барање за ослободување за градоначалникот на Струмица и сегашен лидер Зоран Заев, осомничен за корупцоја од 8 милиони евра… се само дел од низата.
Во 2007 година иако беше обвиненет за злоупотреба на службена положба и овластување и дека го оштетил Буџетот за три милиони евра со набавката за резервни делови за тенковите Т-55, Бучковски, сепак, не заврши во притвор. Судот донесе одлука Бучковски да се брани од слобода. Откако во Собранието му беше одземен пратеничкиот имунитет, го доставил пасошот како гаранција дека нема да побегне од државата. За време на седумчасовниот распит голем број членови и симпатизери на СДСМ протестираа пред судот. Вратите на судот беа блокирани од партиските симпатизери и од полицијата.
Сличен беше притисокот на социјалдемократите и при апсењето на Зоран Заев. Откако беше приведен, СДСМ го напушти Собранието, пратеничката група на СДСМ се упати пред Основниот Суд Скопје 1, на протести. Колоната пред судот ја предводеше тогашната лидерка на партијата Радмила Шекеринска.
Таа ја обвини власта за политичка диктатура и убиство на демократијата. Сепак, партиското раководство на СДСМ беше тоа кое примени комунистичка диктатура и се обиде на сила да влезе во судот. Челниците на партијата влегоа во судир со полицијата, но ситуацијата брзо беше ставена под контрола.
Истото се случуваше и кога социјалдемократите протестираат за слобода на фармерот Душко Илиевски. Пратеници од СДСМ, предводени од Менде Диневски и Весна Бендевска и претседателот на општинската организација, Васко Ковачевски, со протести пред судот и општината бараат ослободување на Илиевски, иако во неговиот двор беа најдени стебла канабис сатива.Ова не е прв случај на СДСМ за притисоци врз Судот. Низа примери од минатото покажуваат дека тоа и нивен стил на однесување, полн со агресија и дес