Притвор за две лица-организатори на мрежа за препродавање дрога!

Loading...

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица на кои им се става на товар дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл. 215 од Кривичниот законик.Во исто време до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1- Скопје, предложи мерка- Притвор.
Осомничените, со различни возила во четвртокот ден биле пресретнати на магистралниот пат Ресен – Охрид. Кај осомничениот Б.Д. кој го управувал патничкото моторно возило марка Опел Зафира со гевгелиски регистарски таблички, биле пронајдени 29,725 кг наркотична дрога – марихуана, додека осомничениот М.А. – поранешен полицаец со патничко моторно возило Пежо 607 со гевгелиски регистарски таблички бил во улога на чистач на патот.
Осомничените организирале мрежа на препродавачи и дистрибутери на наркотична дрога со НН лица од Република Албанија. Дрогата требало да ја преземе лице од Албанија и истата да ја дистрибуира од Охрид преку Градско до Велес.
Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и со решение на осомничените им определи мерка – Притвор во траење од 30 дена.Во исто време до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1- Скопје, предложи мерка- Притвор.
Осомничените, со различни вози

loading...