Притвор од 25 дена за 25 годишниот педофил од Пробиштип за сторено кривично дело полов напад врз 11 годишно девојче од Пробиштип.Случајот во полиција го пријавил пред 3 дена нејзиниот татко откако во мобилниот телефон на малолетната ќерка пронашол фотографија со компромитирачка содржина.
Во разговор со девојчето открил дека ја фотографирал 25 годишникот и со истата ја уценувал да излезе со него, зашто во спротивно ќе ја објавил на фејсбук.
– Вечерта помеѓу 14. и 15.10.2017 година излегле заедно, по што после 02.30 часот ја одвел кај него во станот и извршил обљуба над неа, а утрото и дозволил да си оди -изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР –Штип.
Во пробиштипската полиција е извршен разговор со девојчето во присуство на нејзиниот татко и со стручен тим од Центарот за социјални работи, а по наредба на дежурниот јавен обвинител, во Клиничка Болница Штип е извршен гинеколошки преглед над неа. Како материјален доказе од страна на Надворешната канцеларија за криминалистички работи е одземен лап-топ од станот на осомничениот.Случајот во полиција го пријавил пред 3 дена нејзиниот татко откако во мобилниот телефон на малолетната ќерка пронашол фотографија со компромитирач