Во супстандардни услови сместени се притворените од 27-ми април. Условите во затворот Шутка кои ги споделуваат и сите останати притворени за кои допрва треба да се докажува вината се катастрофални. Ќелии полни со мувла, прозорци од 80-тите од минатиот век кои не функционираат и само 2 часа парно во текот на 24 часа и тоа по еден час наутро и еден навечер, иако надвор има минусни температури.
Премрзнати и под психолошки притисок се притворените од 27 април меѓу кои и оперскиот пејач Игор Дурловски, актерот Владо Јовановски, режисерот Борис Дамовски, архитектот Богдан Илиевски, поранесниот прв човек на МВР Митко Чавков, пратениците Сашо Василевски, Крсто Муковски и Љубен Арнаудов и десетици други кои ќе ја докажуваат својата невиност.
Информациите до кои дојдовме укажуваат дека престојот во истражниот затвор Шутка е вистинско измачување. Нема загревање, но нема ниту можност за ракавици, капи, или шал за притворените.
Дел од роднините на притворените веќе се обиделе да им однесат на своите најблиски топла облека, но тоа од управата на затворот не било дозволено. Во самите простории има и појава на мраз на ниските тенператури, а присутни се и чести болести и вируси.
Наместо да ја спремаат одбраната, притворените се борат да преживеат. Дополнително е присутен и нечовечки третман и во однос на посетите кои се остваруваат. Имено, дозволен е само еден час посета во кој спаѓа и времето за остварување на безбедносните проверки, така што преостанатото време од само половина час останува за непосреден контакт со притворените.
Упатените велат дека нема минимални човечки услови за функционирање на затворот. Народниот прабобранител молчи, исто како и Хелсиншкиот комитет до кого пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пред една недела испратија барање за проверка на условите во кои опстојуваат притворените за 27-ми април.
Јалови и лажни беа и најавите на премиерот Зоран Заев, кој при посета на затворот Идризово рече дека ќе се подобрат затворските услови, од тогаш до сега шајка не е ставена во ниту еден од затворите. Ќелии полни со мувла, прозорци од 80-тите од минатиот век кои не функционираат и само 2 часа парно во текот на 24 часа и тоа по еден час наутро и е