ПРИВЕДЕНА СРЕДНОШКОЛКА: Ја удирала баба ѝ со секира во главата, додека нејзината другарка…

Младенка Клисариќ (18) и нејзината другарка Слаѓана Милиќ (18), ученички во власеничкото Средно училиште, биле приведени од страна на полицијата и според најавите, против нив ќе се покрене обвинување поради сомнеж дека сториле кривично дело „разбојништво“ и „обид за убиство.“Според информациите, Младенка заедно со Слаѓана дошла од Власеница во куќата на нејзината баба. Таа се упатила до шталата, бидејќи забележала дека нејзината баба Митра (73), ја храни стоката.
Таа ја зграпчила секирата и додека нејзината другарка чувала стража, таа трипати ја удрила бабата со секира. За среќа, таа ја удрила со тапиот дел од секирата, по што старицата паднала на земја, но успеала да повика помош.
Старицата се наоѓа надвор од животна опасност, а полицијата ги уапси тинејџерките.
Причината за нивниот напад се парите. Имено, тие виделе дека старицата имала пари во џебовите од елекот и сакале да ѝ ги одземат.
Од полицијата изјавиле дека Младенка веќе има досие.
„Таа, кон крајот на минатата школска година украла мобилен телефон, поради што била уапсена. Потоа, на часот по биологија запалила сено и сликала со мобилен телефон. Сликите од инцидентот завршиле на социјалните мрежи“ – истакна изворот.
Нападнатата старица и претходно била мета на крадци, кога две момчиња упаднале во нејзината куќа и украле 15.000 конвертибилни марки (7.600 евра).Според информациите, Младенка заедно со Слаѓана дошла од Власеница во куќата на нејзината баба. Таа се упатила до шталата, бидејќи забележала дека

Пронајдете не на следниве мрежи: