Освен пари, некои од приведените професори во вчерашната акција на полицијата на Економскиот факултет при УКИМ, барале и друг вид на услуги особено од студентките. Вакви коментари вчера буквално ги преплавија социјалните мрежи, а неофицијално дознаваме дека студентите почнаа да потврдуваат дека знаат некоја таква студентка од која била барана таква „услуга“ или пак биле сведоци на „раните предавања од 7 часот“По објавувањето на информацијата дека на Економскиот факултет при УКИМ се спроведува полициска акција поради сомневање дека одредени професори барале мито за оценки и дипломи од студентите, социјалните мрежи буквално експлодираа со сведоштва за тоа дека некои од професорите наплаќале и во „натура“ особено од студентките.
Вакви коментари вчера буквално ги преплавија социјалните мрежи, а до нашата редакција пристигнаа и неколку вакви потврди од студенти кои знаат некоја таква студентка од која била барана таква „услуга“ или пак биле сведоци на „раните предавања од 7 часот“. Имено, биле закажувани средби рано наутро во професорските кабинети пред факултетите да се наполнат со студенти, или доцна навечер, а неретко ваквата „сметка“ некои од професорите ја наплаќале во натура и во приватни станови.
Засега нема потврда од полицијата за документирано вакво однесување, но доколку имало примена на ПИ Мерки, ваквите наоди не можат да се исклучат.По објавувањето на информацијата дека на Економскиот факултет при УКИМ се спроведува полициска акција поради сомневање дека одредени професори бара