Дваесет и четири лица се приведени рано утрото во полициската акција „Лотос“, при што е сузбиена криминална структура од подрачјето на Велес, чиј организатор освен што и самиот продавал хероин и марихуана, како и амфетамин на уживатели и дилери, воспоставил и мрежа на препродавачи низ повеќе градови во Македонија.Како што информираше на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Митко Чавков извршени се претреси на 24 локации и кај исто толку лица, од кои 11 на подрачјето на Велес, четири во Скопје, три во Свети Николе, две во Кочани и по еден претрес на подрачјата на Штип, Кавадарци, Гевгелија и Струга.
При претресите, посочи Чавков, се пронајдени и одземени околу 5.500 евра, околу 100 грама хероин, 160 грама смеса кофеин и парацетамол, ваги и паковки хероин и мрихуана спремни за продажба.
– Утврдено е дека 40-годишно лице од Велес кое се јавува како организатор од засега непознати лица набавувал хероин и марихуана, во својот дом ги препакувал во помали количини и по претходен телефонски договор ги продавал на дилери и уживатели на дроги на договорени средби во повеќе градови и тоа за цена од околу 1000 денари за грам хероин и 500 денари за паковка марихуана, појасни министерот Чавков.
Првоосомничениот велешанец кон крајот на 2015 и почетокот на 2016 година организирал мрежа препродавачи и посредници, при што ангажирал уште три лица, сите од Велес да вршат продажба на хеорин и мрихуана, со цел стекнување противправна имотна корист.
– Лицата по добиените инструкции и по извршената продажба на дрогата дел од заработувачката ја задржувале за себе, а поголемиот дел му ја носеле на провоосомничениот во неговиот дом, рече Чавков.
Тој посочи дека во претходниот период се реализирани уште два случајана недозволена трговија со наркотични дроги, во кои се запленети околу 30 килограми марихуана, 40 паковки хероин и уште 7 паковки марихуана. Поднесени се 14 кривични пријави против 20 лица кај кои е пронајдена помала количина наркотична дрога, одземени се четири автомобили и два мотора, а од воспоставување на акцијата „Мрежа“ до денес, изречени се прекршочни санкции во висина од 14 илјади евра.Како што информираше на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Митко Чавков извршени се претреси на 24 локации и кај исто толку