Приземјувањето како главен механизам со кој вашето тело останува здраво – II дел

Вчера имавте можност да прочитате за позитивниот ефект на приземјувањето. Денес ви го претставуваме вториот дел од текстот. На следниот линк можете да се потсетите на првиот дел: Приземјувањето како главен механизам со кој вашето тело останува здраво – I дел 
Приземјувањето како основен аспект за оптимално здравје
Стресот предизвикан слободните радикали,од изложеноста на загадувањето со жива,цигари,инсектициди,пестициди,транс-масти,радијација и многу други,континуирано го осиромашуваат вашето тело од електрони.
Ова е една од основните причини зошто антиоксидансите се користат,кои всушност донираат електрони назад во вашето тело,со цел да се спречи штетата од слободниот радикал на вашите ткива.
Овие електрони може да се добијат ако чекорите надвор со боси нозе. Допирањето на земјата помага да се неутрализираат штетните позитивни полнежи на слободните радикали во вашето тело.
Според Клинт Обер, овој недостаток на приземјувањето се чини дека е основниот проблем во повеќето хронични болести,феномен што тој го нарекува “синдром на недостаток на електрон”.
За визуелна демонстрација на ова, разгледајте ја мојата претходна статија,во која е прикажан еден експеримент, спроведен од д-р Гери Шварц од Универзитетот во Аризона. Со користење на сончогледи,тој ги демонстрираше моќните биолошки ефекти на приземјувањето.
 

Здравствените ефекти од приземјувањето
Кога вашето тело е изложено на стрес од слободни радикали, крвта има тенденција да се згусне,а позитивните полнежи да се акумулираат во телото. Ова предизвикува хронично воспаление,што е белег на повеќето хронични и дегенеративни болести.
Приземјувањето ефикасно помага во ублажувањето на воспалението во телото. Исто така помага да се разреди крвта, со создавање на црвени крвни зрнца со вишок на електрони,па така тие можат ефикасно да се одбиваат едни со други и да не се залепат,што може да доведе до згрутчување на крвта и срцев или мозочен удар. Истражувањето покажа дека слободните електрони им се потребни околу 80 минути, за да стигнат од земјата до крвотокот и да ги трансформираат крвните зрнца.
На пример, поранешните(па дури и денешните) апчиња за контрола на раѓање беа познати како предизвикувачи на срцев удар кај жените. Еден од одговорните механизми за зголемениот ризик е дека синтетичките естрогени и прогестерони го зголемуваат крвниот вискозитет. Други биохемиски промени предизвикани од приземјување,вклучуваат промени во: фосфорот,метаболизмот на калциум,фиброзниот метаболизам и белите крвни зрнца.
Приземјувањето помага и во смирување на симпатичкиот нервен систем, кој ја поткрепува стапката на варијабилност на срцето и игра важна улога во балансот,во автономниот нервен систем. Ублажување на болка,подобрено спиење и генерално подобрено чувство на благосостојба, се само неколку од здравствените придобивки на луѓето кои го практикуваат приземјување.
Последно,но не и најмалку важно,кога стоите на земјата, негативно наелектризираните електрони кои ги примате, ја зголемуваат структурата на водата во клетките- како што водата се зголемува во структура,кога негативен полнеж е воведен од страна на електрода. Како што објасни д-р Џералд Полак,автор на The Fourth Phase of Water: Beyond Solid, Liquid, and Vapor, living water is negatively charged water. Оваа вода може да содржи енергија,слично на батерија и може да испорача енергија. Во суштина, кога сте приземјени, ја полните секоја клетка со енергија,која вашето тело може да ја користи за самолекување.
 

Како да се приземјувате,во затворени простории и на отворено
Чекорењето бос е еден од најлесните и најдобрите начини да се остане приземјен,но ќе морате да го сторите тоа на соодветна површина. Многу површини за пешачење во современиот свет не дозволуваат да се овозможи пренос на електрони меѓу земјата и вашето тело и тие вклучуваат : асфалт, дрво, гума, пластика, винил, катран и макадам. Местата, на кои е овозмжен пренос на електрони, вклучуваат: песок(плажа), трева(по можност влажна), гола почва, бетон и цигла( доколку не се варосани или зацементирани) и керамичка плочка.
Во затворен простор,па и додека летате, постојат начини да останете приземјени. Како што е прикажано во филмот,со допирање на чешмата со едната рака додека се бричите со другата, ви помага да останете приземјени. Кога летате, можете да ги собуете чевлите и да ги поставите стапалата ( боси или со чорапи) на челичните потпирачи на столот пред вас. Постојат и перничиња за приземјување,кои можете да ги користите за спиење или да седите на нив, што може д биде од особена важност ако живеете во облакодери.
Приземјувањето може да биде неопходно за животот и здравјето
Важно е да се сфати дека приземјувањето не е третман или лек за некоја болест или нарушување. Напротив, тоа е еден од клучните механизми со кои вашето тело одржува рамнотежа и здравје. Човечкото тело еволуирало во постојан контакт со земјата и затоа му е потребна оваа континуирана размена на енергија, со цел да функционира правилно.
Вежбањето со боси нозе на отворено е еден од најубавите, евтини и моќни начини за инкорпорирање на приземјувањето во вашиот секојдневен живот. Едноставно можете и да ги собуете обувките,колку што можете повеќе кога сте на отворено,за да ги искористите предностите на овие можности.

Пронајдете не на следниве мрежи: