Приземјувањето како главен механизам со кој вашето тело останува здраво

Дали некогаш сте забележале колку добро е кога чекорите боси на песочна плажа или во шума? Постои причина за тоа,која се нарекува ефект на заземјување. Причината за ова чувство на благосостојба се должи на фактот дека вие добивате голем број на исцелувачки електрони од земјата.Земјата има негативен полнеж,па затоа кога ќе застанете бос на таков песок,електроните од земјата влегуваат во вашето тело и примате виртуелна “трансфузија” на исцелителна моќ.
Ексклузивниот документарен филм “The Grounded 2” е продолжение на првиот дел “The Grounded”,кој беше прикажан во 2013 година. Во вториот дел се прикажани Степ Синатра,синот на кардиологот Стивен Синатра,астронаутот Д-р Едгар Мичел и меѓу другите многумина почитувани. Степ работеше како трговец од Вол Стрит,се додека неговото здравје ненадејно почна да се влошува,доведувајќи го до работ на смртта. Тој смета дека главна заслуга за неговото закрепнување преставува учењето за приземјување,заедно со новиот начин потполно органска исхрана.
Во 2010 г. неговиот татко, Д-р Стивен Синатра ја објави книгата за исцелителната моќ на заземјувањето,со наслов “Earthing: The Most Important Health Discovery Ever?, во коавторство со Клинт Обер,еден од пионерите во оваа област.

Крајниот антиоксидантен и антивоспалителен ефект
Приземјувањето на земјата се дефинира како позиционирање со една боса нога на земја,без разлика дали е прашина,трева,песок или бетон(особено кога е влажна или мокра). Кога стоиш на земја збогатена со електрони, се случува подобрување на рамнотежата на симпатичкиот и парасимпатичкиот нервен систем.
Земјата е природен извор на електрони и суптилни електронски полиња,кои се од суштинско значење за правилно функционирање на имунолошкиот систем,циркулацијата на крвта,сихронизацијата на биоритами и други физиолошки процеси и всушност може да претставуваат најефективни,најсуштински,најефтини и најлесни за да се добие антиоксидант.
Модерната наука темелно ја документирање врската меѓу воспалението и сите хронични болести,вклучувајќи ги и болестите од стареење и самиот процес на стареење. Важно е да се разбере дека воспалението е состојба која може да се намали или спречи со заземјување на вашето тело на земјината топка,начинот на кој речиси сите ваши предци го направиле за стотиците и илјадници наредни генерации.

Како денешните обувки може да го загрозат вашето здравје
Материјалите како металите се електрични спроводници. Се состојат од слободни или мобилни електрони кои можат да пренесуваат електрична енергија од едно место на друго.
Вашето тело е донекаде спроводно поради тоа што содржи голем број на формирани јони(наречени електролити) растворени во вода,па затоа крвта и другите телесни течности се добри спроводници.Слободните или мобилните електрони можат да се движат во вашето тело.
Другите материјали,наречени изолатори,содржат многу малку слободни или мобилни електрони. Пластиката и гумата се добри изолатори и се користат за да покривање на електричните кабли за да се задржат спроводниците од допирање едни со други и од допирање со вашата кожа. Во спротивно, без нив,тоа би довело до шок на вашето тело.
Традиционално,обувките се направени од кожа и се спроводници на електрони,па затоа одржуваат спроводничка врска меѓу земјата и вашите стапала.Сепак,денешната гума и пластика се електрични изолатори и затоа го блокираат корисниот проток на електрони од земјината топка до вашето тело.
Вториот дел од текстот прочитајте го на следниот линк: Приземјувањето како главен механизам со кој вашето тело останува здраво – II дел Земјата има негативен полнеж,па затоа кога ќе застанете бос на таков песок,електроните од земјата влегуваат во вашето тело и примате виртуелна &ldq

Пронајдете не на следниве мрежи: