Признајте дека и Вие го правите ОВА: 9 навистина одвратни работи кои сите парови ги прават

Врските се супер кога паровите се почитуваат и се сакаат, но секоја врска има свои „темни страни“ кои никој јавно нема да ги признае.  
Ова се навистина одвратни мали навики на паровите во долги врски – и признајте, барем некои од овие и вие ги правите.
1. „Мила, ми смрди ли оваа маица или можам  вака надвор?“ Не е секси но, нормално дека тоа го правите.
2. “Ај види дали ми ѕирка некое мрсулче?!“ Се надеваме дека не!
3. “Дај да ти го стиснам бубуличето на грбот, имам чувство дека ми намигнува.“ Ако веќе морате, барем немојте тоа да го правите на плажа. Истото важи и за митесерите и за поткожните влакна.
4. „Прднав. – Знам среќо, труеш.“ Кога испуштате ветрови тоа станува спорт, можете да настапувате во парови.
5. „Ти растат влакна од челото, дај да те исчупам.“ И потоа тоа го правите стручно, со прсти без пинцета.
6. „Се олеснив како никогаш“ Да, од некоја причина одеднаш не ви е проблем да ги поделите авантурите од тоалетот со партнерот. Уште добивате и пофалба.
7. „Оф ја заборавив четката за заби. – Еве ти ја мојата“. Колку пати еден од вас ја има заборавено четката за заби кога сте биле некаде на пат? Да, знаеме дека со францускиот бакнеж ја разменувате вашата плунка но…
8. И колку и се што беше наведено да е одвратно, се уште мислите дека вашиот партнер е најубавото суштество на земјината топка. 
  
Ова се навистина одвратни мали навики на паровите во долги врски – и признајте, барем некои од овие и вие ги правите.

Пронајдете не на следниве мрежи: