Прличев на денешен ден победил среде Атина со „Сердарот“ на конкурс за најдобра поема

На 25 март 1860 Прличев победил среде Атина на конкурсот за најдобра поема на грчки со „Сердарот“ „Сердарот“ (грчки: Ο Αρμάτωλος) — најпознатото дело на македонскиот поет и преродбеник Григор Прличев. Делото е напишано во 1860 година, а на 25 март истата година тоа учествува во натпреварот за најдобра поема на грчки јазик (што секоја година се одржувал во Атина), и ја добива наградата Ловоров венец, како и парична награда. Поради силниот впечаток што ја оставила оваа поема, Прличев бил наречен „Втор Хомер“.
Наградата не останува долго во негови раце, затоа што одбива да се изјасни како Грк, и да ја прифати стипендијата за студии во Берлин или Оксфорд. За успехот што го направил со „Сердарот“, Прличев во својата „Автобиографија“, ќе каже:
„ … тогаш усетив во мене неописиво волнение, какво што никогаш не сум осетувал. Тогаш никој не би ме познал: бев надвор од себеси. Очигледно, мој беше венецот. “Поемата е оригинално напишана на грчки јазик, под насловот „О Арматалос“ (Ο Αρματωλος), но при крајот на животот Прличев ќе направи обид да ја преведе на македонски јазик. Единствениот зачуван дел од авторовиот превод се следниве стихови (се гледаат јасни отстатоци од старословенскиот јазик):
Плачам тътнет Галешник народным.Кто зло вас, братие, постигло?Иль плоды вам град побил немирный,иль стада вам звере потребили?Ни плоды нам град побил немирный,ни стаса нам звере потребили,нь сгубили люты арнаутынаша слава Кузмана Сердара,десна ръка Джеладимбегова,и нам тъпчят скверными ногамигъсты горы, прежде непристъпны.Така с рыданъем инвари вещалии жены их драпали си лицас писком….
Земајќи ја предвид одбивноста на Прличев кон медицината, тој најверојатно во Атина се вратил за да се афирмира на литературен план. Тогаш во Атина.  Според автобиографијата, 25 март 1860 година во Атина се случил највозвишениот миг во творечкиот живот на Прличев. Пред многубројната публика грчкиот критичар Александар Ризос Рангавис објавил дека на анонимниот конкурс венецот се доделува за поемата Сердарот (грчки: Ο Αρμάτωλος). За тој момент Прличев тврди:
… Почувствував едно неописиво волнение какво никогаш не усетувал… Прекумерната радост е поубиствена од жалта.Гиманазијархот П. Псарас ги искажал следите зборови: Општа радост е во Атина што ни се јавил Втор Хомер. Додека пак главниот критичар Александар Ризос Рангавис исткнува дека Арматолос е: творба на чудотворно длето… секој стих светка како чист бисер.
Меѓутоа, според некои толкувачи на Прличевото дело, во тој момент на триумф започнува творечката трагична драма на поетот Григор Прличев. Самиот Прличев со горчина забележува:
Венецот стоеше на великолепно украсена маса пред Рангависа, но тој не ме повика да ми го даде пред публиката, како што стануваше другите години. Зошто? Главната причина е што не му мирисаа на грчки имињата што звучеа во поемата Стан, Раде, Неда, Галичник, Река.Таквиот однос најверојатно предизвикал траума кај младиот и горд поет. Тој не ѝ се обратил на публиката дека е автор на поемата и си заминал уште пред да се растури собранието кое било собрано во чест на венецоносецот. Во својата автобиографија Прличев го опишува и своето второто понижување. Тој заминал во станот на Рангавис и му кажал дека тој е авторот на поемата, а Рангавис тогаш сфатил дека Прличев не е Грк.
По три дена Прличев бил повикан од универзитетските власти и пред нив бил принуден да ја рецитира поемата за да докаже дека е нејзин автор. Откако увиделе дека тој е автор на поемата му била дадена наградата која била во сребро, а требала да биде во злато. Тој се откажал од половина од наградата за благородни цели и од месечната пензија која му била доделена од грчкиот крал Отон. „Сердарот“ (грчки: Ο Αρμάτωλος) — најпознатото дело на македонскиот по

Пронајдете не на следниве мрежи: