Во оддалечена австралиска област во долината на Нов Јужен Велс, живеат најмалку 40 потомци кои во инцест ги родиле брат и сестра, а голем дел од нив се ментално заостанати, глуви, неми или слeпи, објавуваат австралиски медиуми.Медиумите наведуваат дека тоа е најлош познат инцест семеен култ со оглед на тоа дека и други членови на фамилијата имале сексуални односи и добивале деца.
Фамилијата во медиумите претставена под лажно презиме Колт, брои најмалку 40 членови од четири генерации, а случајот е оценет како еден од најбизарните примери на злоставување деца во историјата, објави весникот Индепендент.
Приказната за Колтови излегла во јавност откако граѓаните пријавиле до властите дека во долината живее група деца кои не одат на училиште.
Полицијата и социјалната служба ја пронашле фамилијата во која голем дел деца целосно се неспособни да се грижат за себе, живееле без основни хигиенски услови, не познавајќи дури ни користење четка за заби или тоалет-хартија, како и тешко заболени од ментални и физички пореметувања.
Децата не комуницирале со никого освен со членовите на фамилијата.
Семејството го зачнале роден брат и сестра, чукунбаба и чукундедо на најмладата генерација, кои имале неколку деца, а потоа тие меѓу себе општеле и ја ширеле фамилијата. Сите членови на фамилијата освен најмладата – петгодишно девојче, имаат родители кои се блиски или подалечни роднини.Медиумите наведуваат дека тоа е најлош познат инцест семеен култ со оглед на тоа дека и други членови на фамилијата имале сексуални односи и добива