Белградскиот дневен лист „Вечерње новости“ во период од две недели излезе со ново спомнување на Македонија во контекст на специјалната војна против Србија, како што ја нарекува наводната здружена шпионска акција диригирана од САД.„Важни алки на оваа ‘специјална војна’ се и влегувањето на Црна Гора во НАТО, настојувањето да се формира т.н. војска на Косово и преуредувањето на Македонија на проалбански основи“, пишува српскиот дневник.
Договорот за заедничка акција против Србија паднал минатиот месец во Подгорица, тврди весникот, посочувајќи ја ЦИА како покровител на средбата.
„Договорот за ‘мека’ офанзива на Србија е направен на состанокот во главниот град на Србија, на кој, покрај ‘домаќинот’ од ЦИА, присуствуваа присуствуваа и шефовите на хрватската служба СОА, на албанската ШИК и на македонската УБК. Задачи добија и косовската агенција КИА, тајната служба на БиХ, ОСА, и црногорската Агенција за национална безбедност. На овој собир Србија е означена како опасна руска база на Балканот“, пишува „Вечерње новости“. „Важни алки на оваа ‘специјална војна’ се и влегувањето на Црна Гора во НАТО, настојувањето да се формира т.н. војска на Косово и