Состојки (за 4 порции):
1,5kg компири
250g маслинки
1 супена лажица сенф
Сол и бибер
300g кисели краставички
1 главица кромид
1-2 супени лажици мајонез
Начин на подготовка:
Сварете го компирот, па потоа излупете го и исечкајте го на коцки. Додајте ги исечканите маслинки и краставички, па ставете сол и бибер по вкус. Кромидот исечкајте го ситно и додајте го во садот со компирот и маслинките. Помешајте ги сенфот и мајонезот, а потоа и нив додајте ги во садот и мешајте. Оставете ја салатата да постои 10-тина минути во ладилникот и потоа послужете. Состојки (за 4 порции):
1,5kg компири