Општина Пробиштип интензивно работи на подготовките за асфалтирање на улиците во населбата Калниште и село Пробиштип, а во Злетово завршено е тампонирањето и земјените работи на помалите улички, по што во јуни треба да започне со нивно асфалтирање.
Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски вели дека во селото Пробиштип и населбата Калниште ќе се асфалтираат улици во должина од околу два километра, а во Злетово ќе се асфалтираат помали улички во должина од 1.100 метри.
– Инвестицијата за раелизација на проектот во Злетово ја чини општината околу пет милиони денари, вели Тоневски.
Тој додава дека по реализацијата на овие проекти, според Програмата на општината предвидена е и изградба на улици и во селата во Општина Пробиштип.Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски вели дека во селото Пробиштип и населбата Калниште ќе се асфалтираат улици во должина од околу