Научниците во САД одржаа експеримент кој му овозможи на парализиран човек да почувствува допир со прстите на парализирана рака преку специјална протеза, објави „Вашингтон пост“.Станува збор за роботска рака поврзана преку електроди во мозокот на пациентот, која тој може да ја движи само со мислите.
Изумот е дело на професионалци од Универзитетот Питсбург во Пенсилванија.
Тие имплантирале во мозокот на 30-годишниот Нејтан Копланд минијатурни електроди, способни да ги примаат сигналите од протезата.
При виткање на прстите на механичката рака, тој почувствувал притисок врз парализираниот горен екстремитет. Сигналите го заобиколиле оштетениот рбетен мозок.
Резултатите биле постојано потврдени во текот на тестовите кои се одвивале неколку месеци наназад.
Според експертите, новиот изум претставува вистински пробив во медицината за луѓето со парализирани екстремитети. Во иднина, тие ќе можат не само да ги придвижуваат рацете и нозете, туку исто така да ја обноват и чувствителноста во нив и да го почувствуваат движењето.
Експериментот со Копланд беше забележан од страна на претседателот на САД Барак Обама за време на работната посета на градот Питсбург.
Копланд е парализиран од градите надолу од пред повеќе од десет години како последица на сообраќајна несреќа.Станува збор за роботска рака поврзана преку електроди во мозокот на пациентот, која тој може да ја движи само со мислите.
Изумот е дело на