среда, 25 ноември 2026
Најново

Проблем можат да бидат обврските кои ќе ни бидат наметнати со договорот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Разликата меѓу декларацијата од 1999 г. и посакуваниот договор од бугарска страна кој евентуално би се потпишувал во 2017 г., е што декларацијата е необврзувачка, изјави поранешниот министер за надворешни работи Никола Попоски во Отвореното студио на ТВ Нова посветено на договорот за добрососедство со Бугарија.„Декларацијата е необврзувачка, ние сме декларирале, сме изјавиле некакви принципи за соработка. Во овој договор има таква можност, доколку биде склучен, да имаме листа на барања кои ќе треба да ги испорачуваме во следниот период“, рече Попоски.
Попоски смета дека е помал проблем самиот договор, многу поголем проблем се обврските кои ќе произлезат од тој договор.
„Доколку тој не е напишан на начин којшто ќе ни даде комоција, тоа значи дека во следниот временски период, Бугарија точно, или било која влада во Бугарија или било кој функционер во Бугарија, ќе може да ни поставува непринципиелни услови за отворање на прво поглавје, второ поглавје, трето итн.“, вели Попоски.„Декларацијата е необврзувачка, ние сме декларирале, сме изјавиле некакви принципи за соработка. Во овој договор има таква можност, доколку б

Поврзани вести