Проблемите со кожата ќе станат минато!

Кожата може да ја третирате со природни производи кои ги имате дома. Па зошто да не пробате?Често се соочувате со неправилности на кожата? Црвенило, сувост, масна кожа, акни. Овие проблеми можете да ги решите со природни производи кои ги имате дома. Пробајте!
Маска од банани и мед за мрсна кожа
Изгмечете една банана и додадете две лажици мед и неколку капки лимонов сок. Нанесете на лице, и по 15-20 минути отстранете со топла влажна крпа. Оваа маска исто така се бори и против акните.
Маска од тикви и мед
Помешајте кажица органки тикви во конзерва со пола лажица павлака и една лажица мед. Нека отстои маската 15 минути на вашето лице, пред да ја измиете со топла вода. Оваа маска истовремено ќе ви направи и нежен пилинг.
Маска од аспирин против акни
Истолчете еден до три аспирини во мал сад, и додадете вода, колку што е потребно за прашокот да се претвори во паста. Потоа, додадете неколку капки топол мед и нанесете ја маската на лцие. Нека отстои десет минути и измијте се.

Ревитализирачка маска од сливи
Направете пире од три до четири сливи, потоа помешајте со половина лажица куркума, една лажица мед и една лажица грчки јогурт. Измасирајте нежно во кожата и оставете да отстои 10 до 15 минути, па измијте со топла вода.
Маска од алое вера и авокадо за сува кожа
Изгмечете половина авокадо во сад, потоа додадете две лажици прав од алое вера гел, една лажица сува собна каша од кесичка и една лажиуца топол мед. Нанесете ја маската на чиста и сува кожа и оставете да отстои 15 минути. Потоа измијте се со топла вода.
Маска од свежи краставици и зобна каша против црвенило
Помешајте една шолја сварена зобна каша со ситно сецкана краставица. Нанесете на лице. Држете 20 минути, па измијте со топла вода.Често се соочувате со неправилности на кожата? Црвенило, сувост, масна кожа, акни. Овие проблеми можете да ги решите со природни производи кои ги и

Пронајдете не на следниве мрежи: