Прочитајте ги 10-те мудри совети за подобар живот од Далај Лама

Ако ве мачи немир, ако не знаете како да ги решите своите проблеми…Се ви пречи и сите други ви се виновни за тоа што ви се случува. Ако се пронајдовте во овие реченици, прочитајте ги 10-те совети на Далај Лама кои ќе ви помогнат да се тргнете и да почнете подобро да живеете.1. Ако сакаме да пренесеме знаење, најпрво мораме да престанеме да им наштетуваме на другите. Така се заштитуваме од проблемите бидејќи најмногу можеме да си наштетиме ако им предизвикаме патење на другите. Помагањето создава добри односи и околности кои подоцна ќе ви користат на вас.
2. Барем еднаш годишно посетете место кое не го познавате
Зошто? Запознавањето нови места и луѓе го збогатува животот. Убавите моменти ги памтиме цел живот.
3. Отказот може да биде добра прилика за промена
Кога ќе ја изгубиме работата се чувствуваме обесхрабрено, без волја, парализирано…. Сепак губењето на работното место е добра шанса за промена и треба да се доживее како предизвик. Тоа е позитивен пристап, кој нормално не е лесен.
4. Се радуваме на успесите на оние кои ги сакаме
Радувајте се на успесите и на оние кои не ги почитувате премногу. За успех често се потребни напори и способности на многу луѓе.
5. За долга среќа треба да се прифати дека страдањето е дел од животот
Според будистичкото верување, страдањето не смее да доведе до песимизам и очај. Страдањето ни помага да ги утврдиме вистинските причини за нашата несреќа.

 
6. Дури и ако не сте верник, бидете свесни дека несреќата која вас ве снашла (колку и да е страшна) не ви се случила само на вас.
7. Ако имате проблеми, обидете се да ги решите со се што е во вашата моќ
Ако се проблемите непремостливи, помислете на своите постапки во овој или минатиот живот кои од нив се предизвикани. Тоа ќе ви донесе мир и спокој. Инаку, грижите, болката и страдањата ќе ви се чинат бесмислени.
8. Ако вежбате добрина и толеранција ќе пронајдете повеќе мир
Не морате да купите нов мебел за домот, или да се преселите во нов стан. Вашиот сосед можеби е бучен и тежок, но доколку вашето срце и ум се мирни, ни таквите соседи нема да ви пречат.  Ако генерално брзо се лутите, нема да бидете среќни дури ни кога ќе ве посетат пријателите.
9. Секогаш бидете умерени во исхраната, облекувањето и опремувањето на станот
Човечкиот живот е ограничен, па така е ограничено и количеството на тоа што можеме да го имаме. Затоа бидете задоволни со тоа што го имате.
10. Трајната среќа лежи во духовниот развој
Постојат два начина за барање на среќата. Прв е надворешниот: подобар стан, облека и добри пријатели . Вториот е скриен во духовниот развој кој носи внатрешна среќа. Трајната среќа ја носи само вториот начин!1. Ако сакаме да пренесеме знаење, најпрво мораме да престанеме да им наштетуваме на другите. Така се заштитуваме од проблемите би

Пронајдете не на следниве мрежи: