Прочитајте како Гугл успеа да уништи мал ресторан!

Ресторанот „Српска круна“ во Вашингтон стави клуч на врата по 40 години успешна работа на иста локација и тоа благодарејќи на Гугл.Ресторанот “Српска круна” во Вашингтон по 40 години успешна работа на истата локација мораше да ги затвори вратите и тоа благодарение на Гугл, пишува 24 сата. Овој ресторан бил познат по источноевропската, француска и руска кујна, а особено по изборот на егзотични меса како еден од ретките ресторани каде гостите можеле да порачаат месо од кенгур, коњ или мечка.

 
Но, сопственикот на ресторанот Рене Бертања забележал дека во 2012 година посетата и прометот во ресторанот наеднаш опаднале за дури 75 отсто, а особено за време на викенд, што му било особено чудно. Опаѓањето на посетителите продолжило и во следните месеци, а никому не му било јасно зошто. Рене бил принуден да отпушти дел од вработените, а многу подоцна сфатил каде е проблемот.- Еден ден ми се јави еден од моите редовни гости да ме праша зошто не работиме во сабота, недела и понеделник. Тогаш сфатив дека кога на Гугл Мапс ќе се впише името на мојот ресторан се појавува известување дека ресторанот не работи за време на викенд и во понеделник – вели Бертања.
Тој вели дека има 74 години и дека знае за интернет и Гугл, но не знае да ги користи. Неговиот сметководител се јавил во Гугл да ја поправат грешката, но Бертања нагласува дека неговиот бизнис веќе е уништен и дека минатата година морал да го затвори ресторанот оти гостите сосема престанале да доаѓаат.
Тој за се го обвинува Гугл, а воедно и ја тужел моќната компанија пред федералниот суд во Вирџинија. Неговиот адвокат вели дека го уништиле конкурентите кои преку Гугл Мапс злонамерно ги истерале гостите од “Српска круна”.Ресторанот “Српска круна” во Вашингтон по 40 години успешна работа на истата локација мораше да ги затвори вратите и тоа благодарение на Гугл, пишу

Пронајдете не на следниве мрежи: