Запомнете ги овие инструкции кои се многу значајни во случај на поплава.Се што треба да знаете е:
Ако се предвидува поплава
Заштитете ја електричната енергија или опремата за греење.
Исклучете ја електричната енергија само ако поплавата се’уште не започнала и ако е суво околу кутијата со осигурувачите.
Наполнете резервна батерија бидејќи не знаете колку време ќе останете без струја.
Пред поплаватаСоздадете бариери (насипи, греди) за да ја запрете поплавата да навлезе во вашиот дом.Запечатете ги ѕидовите од вашите подруми со водоотпорни предмети за да избегнете продирање на водата.Кренете ги шахтите близу вашата куќа за водата да се движи во таа насока.
Ако поплавата е неизбежна
Бидете подготвени. Спакувајте торба со најважните предмети во случај да треба да бидете евакуирани. Не заборавајте да ги земете вашите неопходни лекови.
Ако ви се советува да излезете од домот, направете го тоа веднаш.
Доколку имате можност, одете на горниот кат и таму однесете го мебелот и другите предмети
Исклучете ги сите електрични апарати.
Отстранете ги сите токсични супстанции како што се пестицидите и инсектицидите за да спречите загадување.
Доколку имате можност, заштитете го домот со вреќи со песок или полиетилен бариери.
Доколку водата е присутна, во никој случај не се обидувајте да ја исклучите електричната енергија. Водата и електричните жици можат да бидат смртоносни. Веднаш напуштете го домот.
За време на поплавата
Не одете низ водата. Дури и ако има само 15 сантиметри вода, а таа се движи, може да предизвика да паднете.
Ако морате да одите низ водата, одете онаму каде водата не се движи. Користете стап за да проверите колку е длабоко и дали е цврста земјата пред вас.Не возете во поплавените подрачја. Ако водата се зголеми околу вашиот автомобил, напуштете го и движете се кон повисоко.
Не допирајте електрична опрема ако сте водени или ако сте во вода.Доколку гледате некоја личност на која ѝ е потребна помош, јавете се на 195, 192 или 193. Немојте да преземате ништо посериозно на своја рака.
Избегнете преминување мостови ако водата е на високо ниво и ако се движи брзо.
Ако треба да бидете евакуирани:
Доколку властите строго препорачуваат евакуација на вашиот дом, тоа веднаш направете го.Земете торба со основните предмети.Следете ја рутата дадена од официјалните лица и не одете по скратени патишта.Во никој случај не ги оставајте домашните миленичиња или добитокот врзани. Ако се врзани нема да можат да се спасат.
После поплаватаНе се враќајте дома се’ додека не одобрат властите.Ако главниот прекинувач не бил исклучен пред поплавите, не влегувајте во вашиот дом се’ додека не дојде електричар и да утврди дека е безбедно.Бидете екстремно претпазливи кога се враќате дома. Апаратите кои биле преплавени може да претставуваат ризик од удар или пожар кога се вклучени. Не ги користете се’ додека не се чисти, суви и проверени од електричар.Слушајте вести за да бидете добро информирани.Исчистете и дезинфицирајте се’ што се изводенило. Калта од поплавата може да содржи отпадни води и хемикалии.Се што треба да знаете е:
Ако се предвидува поплава
Заштитете ја електричната енергија или опремата за греење