Прочитајте, па проследете им го ова на вашите мажи: Отворено писмо на една мајка!

Британката Никол Бон, одлучи преку отворено писмо да им се обрати на сите мажи кои немаат разбирање за сето она што нивните поубави половини го прават во текот на еден ден.Имено, оваа 34-годшишна мајка од Лондон покренала блог под називот „Мама напаѓа“ во кој ги опишува секојдневните ситуации со кои се соочува при одгледувањето на нејзината 4-месечна ќерка Попи.
Во прилог ви го пренесуваме нејзиното писмо:
„Драг тато, кој не се мачиш со постпородилни килограми. Како прво, ти честитам на новата животна улога. Бебето сигурно личи на тебе и сигурно си горд! Туку, да го оставиме тоа настрана. Време е ти и јас да го направиме овој разговор!
Се зборува дека баш и не помагаш околу бебето. Се зборува дека навечер носиш чепови за уши за да останеш одморен и да очекуваш топла вечера кога ќе се вратиш од работа.
Велат дека си изјавил како мајката на твоето дете е всушност на некој вид годишен одмор кој е исполнет со гледање телевизија, купување и долго испивање на утринското кафе. Додека ти, од друга страна, не стигнуваш да направиш ништо од домашните обврски, бидејќи си презафатен со заработката за пелени.
Еве како стојат работите: не само што не си во право, туку си и прилично себичен!

Секое утро се будиш по преспиена ноќ, веројатно стигнуваш и да се истушираш и да доручкуваш, потоа скокнуваш во својот автомобил и одиш на работа. Во текот на денот комуницираш со возрасни, стигнуваш да испиеш кафе и да ручаш. Го користиш мозокот, имаш дури и време за размислување и најважно, имаш и слобода.
За тоа време, неколку километри подалеку, твојата друга половина шета низ куќа како зомби откако спиела само два часа во текот на вечерта. Сѐ уште не доручкувала, а испила само две голтки чај, кој сега стои заборавен и оладен на масата. Штотуку доела (повторно) и бидејќи бебето се смири и заспа, ќе се обиде да отрча до купатилото за да се истушира.
Само што нанесе шампон на косата (прв пат по неколку дена), а бебето пак почнало да плаче. Како што не може да го игнорира плачот, мокра излегува од кадата и трча да го смири твоето дете. Заборави на туширањето и остатокот од денот го минува чешајќи ја главата на која останал шампонот.
Конечно, детето повторно заспа. Што попрво да направи? Има толку многу! Перење, чистење, продавница, ручек?
Трча во собата да се облече, а на шпоретот става чајник со вода за да се обиде уште еднаш да испие чај. И таман кога тргнала да земе голтка, бебето плаче: „Немој да плачеш те молам, немој да плачеш!“. Се моли во себе, но залудно, бебето повторно е будно. Што е сега? Што му треба? Дали му е топло? Ладно? Не, чекај, сигурно е гладно – повторно!
Во наредниот час повторно дои. Гледаш? Многу е тешко да се издржи, многу е исцрпувачки и стресно, понекогаш дури и болно.
По долгото хранење, бебето спие. „Морам да јадам“ – помислува таа и повторно се обидува да се истушира пред да земе да јаде нешто.
Попладне, откако набрзина изела корнфлекс, твојата жена излегува на кафе со пријателките. Но, таа всушност нема да има време да седи подолго, бидејќи набрзо мора да се врати дома и да го дои бебето. На патот до кафулето се покакало и потребно му е итно менување на пелената и облеката. Конечно, кога се најде со своите подеднакво исцрпени пријателки, немаше многу кикотење, туку само приказни за пелени и доење.
Се враќа дома уморна и се обидува да се одмори. Но, ја гризе совеста дека има уште толку многу да се заврши по дома, а и сфаќа дека треба наскоро да си дојдеш и дека очекуваш топла вечера, а не купила ништо.
Очигледно наведов само една, потешка страна од денот на твојата поубава половина. Намерно не ти опишав како изгледа нејзиното мазење со бебето, за да бидеш сконцентриран само на претходно напишаното. Во секој случај, се надевам дека ова писмо ти помогна да сфатиш дека твојата жена минува низ вистински мал пекол и дека ѝ е потребна ТВОЈАТА помош.
Така што, кога вечер ќе си дојдеш од работа, би можел малку и да го земеш бебето, а на неа да ѝ предложиш да легне и отспие. Можеби дури и би можел да ѝ зготвиш вкусен и здрав оброк и да ѝ кажеш колку е неверојатна.
И да, те молам, дали би можел вечерва да не ставиш чепови за уши и да му ги смениш пелените на бебето кога ќе се разбуди во ниедно време?
Ти благодарам на вниманието!“Имено, оваа 34-годшишна мајка од Лондон покренала блог под називот „Мама напаѓа“ во кој ги опишува секојдневните ситуации со кои се соо

Пронајдете не на следниве мрежи: