Прочитајте што треба да имате в предвид кога избирате стап за селфи

Селфито стана неизоставен дел од фотографирањето, а со оваа нова манија се појави и потребата од специфични додатоци за нашите паметни телефони. Ако некогаш сте се обиделе да си направите автослик и сте забележале дека работите се доста потешки отколку што изгледа, тогаш би требало да инвестирате во селфи стап, кој ќе ви помогне да го држите смартфонот на саканото растојание дури и да немате долги раце.Пред да одите до продавница, погледнете што треба да имате в предвид при изборот на стап за селфи.
Начин на поврзување
Некои модели на стапови за селфи се поврзуваат со смартфонот преку 3.5 милиметарски џек, а други се потпираат на Bluetooth технологијата. Има и трет вид, кои не се поврзуваат воопшто со уредот, а се достапни со посебно Bluetooth копче за фотографирање. Овие модели сепак не се многу практични, затоа копчето може лесно да се изгуби и во таков случај ќе треба да се потпрете на тајмерот во апликацијата за камерата. Може да изгледа дека најзгодна опција се Bluetooth базираните стапови, но не заборавајте дека тие треба да се вчитаат. Освен тоа, имајте на ум дека некои стапови се достапни со Zoom-in и Zoom-out копчиња, но според анкетите, корисниците ги користат многу ретко.
Алатот за телефон
Селфи стаповитеа не се само за смартфоните. Постојат модели кои се наменети и за фотоапарати. Одберете стап кој одговара на вашите потреби. Освен тоа, осигурајте се дали вашиот уред е прицврстен и нема опасност да падне на земјата. Ако на пример, планирате да монтирате голем 6-инчен таблет, подобро прашајте за поддржаните димензии и тежина пред да купите селфи стап. Дури и ако се отвора доволно широко, таблетот може да падне ако се покаже премногу тежок или поради некоја причина нема добар зафат.
Максимална должина која сакате да постигнете
Следното нешто што треба да се разгледа е растојанието. Не сите модели на селфи стапови се исти во однос на ова, но генерално е добро да се држите до стаповите кои можат да достигнат до околу 90 см во должина. Се разбира, постојат стапови кои можат да го оддалечат уредот на 260 см, што е погодно ако правите групно селфи, но овие стапови не се компактни и удобни за носење дури и откако ќе се преклопат.
Квалитет на изработка
Не е мудро да изберете евтин модел на стап, бидејќи слабиот квалитет го изложува на ризик вашиот смартфон. За поголема удобност, одберете модел со гумирана рачка за да не се измолкнува лесно од рака. Повеќето модели се изработени од нерѓосувачки челик, лесни се и се удобни за носење, па се со најдобар квалитет.
Бенефиции
Еден добар селфи стап треба да биде лесен за користење во сите ситуации. Токму затоа, сѐ повеќе модели нудат некои дополнителни можности. Има стапови кои се водоотпорни, а други можат да се користат и како статив за вашиот смартфон или фотоапарат. Други модели располагаат со огледало, за да можете да се огледувате пред да се фотографирате, како и за да можете лесно да изберете добра позадина.Пред да одите до продавница, погледнете што треба да имате в предвид при изборот на стап за селфи.
Начин на поврзување

Пронајдете не на следниве мрежи: