Никој веќе не верува на празните зборови и обидот затклулисно, на мала врата да се турка тиранската платформа.И експертската јавност, но и обичните граѓани многу лесно ги прочитаа игрите и манипулациите на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој со празни флоскули ги манипулира граѓаните криејќи се зад експерти на СДСМ и ДУИ и неоткажувајќи се од тиранската платформа со што остави простор за реализација на елементите од истата.
Стратегијата да се префрли одговорноста на експертите и да се остави можност на тој начин да се реализираат елементите од стратегијата е прочитана.
Откако Заев вчера најпрво рече дека нема двојазични пари, химна, знаме, затоа што уставните експерти кажувале дека тоа било спротивно на уставните одредби, потоа самиот се демантираше и изјави дека уставните експерти на ДУИ можеле да кажат нешто друго.
-Уставните експерти што ги консултираме се на ставот дека денарите, банкнотите се користат на целата територија на Република Македонија и евентуалната употреба на друг јазик при нивната изработка е спротивна на уставните одредби за употреба на македонскиот јазик, јазикот што го зборуваат повеќе од 20% од населението во Република Македонија, изјави Заев, за потоа да рече:
-Нам тоа ни го кажале уставните експерти, можеби на нив, можеби во јaвноста експертите ќе кажат нешто друго…
Универзитетската професорка Билјана Ванковска вели дека тешко на уставното право кога секој си има свои уставни правници.
-Секој си има свои уставни правници, тешко на уставното право! Уште потешко на Македонија! (Патем, истиве бараа и Уставен суд да одлучува по Бадинтер.), напиша Ванковска.
Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА која секојдневно во масовен број протестира во над 20 градови, вчера изрази разочарување од тоа што Заев не се откажа од Тиранската платформа.
-Неприфатливо е што лидерот на најголемата опозициска партија Зоран Заев и понатаму ја промовира платформата на Рама со која се бара воведување двојазичност на територијата на Република Македонија, се разговара за промена на знаме, химна, грб, воведување на двојазични банкноти и униформи на армијата и полицијата, како и декларација за осуда на геноцид на партизаните кои ја изградија Асномска Македонија, нашите соседи Србите, Бугарите, воведување на казни за непримена на албанскиот јазик и ред други противуставни елементи кои водат кон разградување на граѓанското ткиво на Република Македонија, напиша на ФБ граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
И експертската јавност, но и обичните граѓани многу лесно ги прочитаа игрите и манипулациите на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој со пра
Пронајдете не на следниве мрежи: