Продале се и не пронашле лек за ќеркатa – Спасот го бараат во Кинеската медицина

Семејството Илковски од Прилеп, чија ќерка боледува од церебрална парализа, последна надеж гледа во Кина и нивната алтернативна медицина. Продале се што имале за продавање за да се подобри здравјето на нивната ќерка, но лек не нашле, пишува Канал5.Моника Илковска од Прилеп, спасот од церебралната парализа го бара во современата кинеска алтернативна медицина. Единствената мисла и желба и е по десет години да стане од инвалидската количка и да преземе дел од обврските во домот бидејќи нејзините родители се без работа, па решиле парите за егзистенција за лекарства, за помагала и физикална терапија да ги обезбедуваат од тутун.
Нејзиниот татко Зоран,во солзи вели дека пред неколку години им починал синот, сега на Моника и се намалува видот. Не сакаат да ја загубат и неа. Секојдневно се зголемува купот хартии од лекарските наоди и препораки, но се зголемува и купот од неплатени сметки и решенија од извршители. На тоа сега никој во ова тричлено семејство не мисли. Единствено што мислат е како да се најде лек и да се спаси нивната ќерка
Меѓу рампите и помагалата без пријатели и другари, но со надеж дека нејзиниот излез од безизлезот е во Кина, Моника покрај компјутерот трпеливо ќе го чека одговорот. Дали кинеската влада и македонските надлежни институции ќе и овозможат да патува во оваа далечна земја и со помош на кинеската медицина ќе и се исполни желбата – да ја победи оваа болест.Моника Илковска од Прилеп, спасот од церебралната парализа го бара во современата кинеска алтернативна медицина. Единс

Пронајдете не на следниве мрежи: