Се ближат избори. Кој знае? Од нас луѓето малкумина но неговото величество РЕЈТИНГ, го има дефинитивниот одговор и ако ги погледнеме поблиску бројките тие ја кажуваат очигледната вистина. Избори на кои ќе дојде до промена на власта не се можни. Бројките се сурови и ги бодат во очи оние најгоре во хиерархијата на опозицискиот фронт. Малите луѓе, оние кои реално играат на терен и кои се натерани на улични перформанси не смеат да го знаат ова. Коњите за парада не смеат да им кажат на коњите за влечење товар дека ги полнат количките со камења наместо со ветеното злато а Утопија е подалеку од било кога. Лош мирис има лагата, колку и да го парфемисуваш реата го штипе носот. И господарите на куклите, разни чадори и волшебници кои мислеа дека од тиква ( Катица ) ќе направат кочија(СЈО) молчат пред математиката а времето си тече ли си тече. Како беше она? Тик- так ?
Со зборовите на премудриот ПАПА и идол на генерацијата некогашни запалени шипарици а сега средовечни госпоѓи, пардон другарки, И СЕА ШО ПРАИМЕ? Одговорот го даде кој друг ако не ДРАМАТУРГОТ – реприза. Сценариото исто, ликовите малку подзаборавени поради летната ферија и ефините септемвриски аранжмани во Грција но поцрнети, одморени и орни за нова „ револуција“, за името ќе се договорат но алатките се тие, истите зошто кремот на урбаното живеење, интелектуалата, креативата, бањатите – толку можат а нели истите дадоа огромни резултати до сега ( WTF?) . Првото прашање на човек кој мозокот го користи за когнитивни процеси е – Зошто е тоа така? Зошто реприза? Па во ongoing Диктатура која е навлезена во сите пори на општеството (освен во лето и околу нова година) не би било проблем за нов материјал нели? И тука го гледаме СИСТЕМОТ, скриптата по која се игра оваа веќе предолга и во последно време веќе досадна претстава. Изберете на карта од светот било која држава. Изгуглајте дали во неа „има диктатура“ ако да, сигурно ќе прочитате дека таму младите се одселуваат (!?!?) и тоа секогаш оние најпаметните, стандардот е мал (логично), нема слободно судство, (јер диктатура има судство) тајните служби прислушуваат, (провери дали има некој копук што ги објавува снимките онлајн) задолженоста е преголема и долгот нема да се врати уште 100 години(а они жртви па сакаат да враќаат пари), здравството е тапа, загаден е воздухот и многу се умира ( бебиња за да биде по драматично ). Е да, и нема ни правда ни мир ( летото и новогодишниот период се повторно исклучок ) Можно ли е ова? Можно ли е другари и другарки во секоја факинг земја на планетава која поминува низ криза тоа да се случува од БУКВАЛНО ИСТИ причини? Дури и човек што пола мозок дал под кирија ( не алудирам на потпретседател на партија ) ќе се запраша како е тоа можно. За среќа на „револуциите“ и нивните сценографи и драматурзи има доволно штоф во човештвото за да може глобално да се поставуваат овие драмолетки.
Мотивот е едноставен – ЛЕБ БЕЗ МОТИКА. Структурата на луѓето кои учествуваат во вакви „перформанси“ worldwide е иста, професори ( неуспешни најчесто ), глумци (мрзливи), уметници (во најширок смисол на зборот), НВО секторот (џабелебојадци со пристојни плати) и еден сегмент на заведени луѓе кои сопствениот хуманизам, алтруизам и желба за оставање на свој траг во општеството, го бараат преку гореспоменатите. Во оваа структура реална полза имаат само тие највисоко во пирамидата. Тие ги делат парите ( 5 и кусур милиони евра) и за противуслуга треба да испорачаат (ништо не е бесплатно а парите најмалку) тоа што се бара од нив. Следбениците ( најдолу на скалата ) се водени од прост Павлов Рефлекс, како кучето што реагира на запалената сијалица така тие реагираат на секој нов спин фрлен од „горе“ во вид на коска која тие треба да ја преџвакуваат (по социјалните мрежи најчесто), затруени со дезинформации и засилени со креатинче ( треба малку мускулна маса ) наречено дневница. Како тоа функционира? Еве во моментов додека ги пишувам овие редови, најактуелна „коска“ е бројот на мртви новороденчиња. Зомбиевциве излегуваат со податок дека Македонија има најголем процент на смртност на новороденчиња во Европа. Блутантна ЛАГА. На таа морбидна топ листа реално Македонија е на 10-12 место. Некаде на средината. Но шарените зомби воини се подготвени, веднаш ќе ве упатат на сајт ( да Сајт ) каде што пишува дека Македонија навистина е прва на таа листа.Како е тоа можно? Многу едноставно.
Човекот кој ја шири таа (дез)информација и човекот кој ги внесува податоците на сајтот се просто речено еден ист човек. Како? Па одредена фондација која спонзорира „револуции“ ширум светот има луѓе кои функционираат секаде во светот. Мимикријата ја прават едноставно, невладината организација која го води сајтот се вика на пр. „ Светско биро за следење на морталитетот“ или НВО што опфаќа економска проблематика се вика „Глобален економски форум“… Звучи респектабилно, и кога во дебата ќе се повикаш на податоци од „Глобален економски форум“ тие мора да се точни нели? Во принцип таа организација на која се повикуваат се три 22 годишни деца кои се седнати на компјутер таму некаде Богу иза трегера и внесуваат податоци на сајтот кои нарачателот им ги диктира по телефон. За што? Па најчесто за бесплатен интернет и парички за добар викенд со друштвото. Тоа се тие ФАКТИ со кои ве „шамараат“ и замараат по социјалните мрежи. И ќе продолжат. Се додека има пари и се додека „интелектуалните грамади“ не се разобличат на јавна сцена. Се до тогаш ќе гледаме слики од печурки од студентски дом во Србија кои ќе ни се „продаваат“ за наши, слики од деформиран автопат во Германија кои ќе се спинува како обиколницата кај Стајковци и слични глупости. Но не успева. Немаат капацитет. Тоа се само добро маскирани „Катици“ кои академските кариери ги градат врз имињата на сопствените дедовци, на досиеа од УДБА. Тоа се мамини миленичиња кои го персонифицираат комунистичкото кредо, „учи сине за да не работиш“. Лулкани и галени од системот 60 -70 години, вдомени во институции на добра државна плата, никој од нив никогаш не барал резултати, трудови. Ги нема на картата на светот. Целата таа квази, ванаби интелектуална елита има постигања и резултати само до Табановце или Меџитлија. Во светот се маргинални медиокритети во сопствените полиња на делување. Споредете ги со Пандев, со Трпчевски, со Тоше со Чаласан…. Исто сонце ги греело и нив, иста вода пиеле и иста прав голтале. Нив „режим“ не ги спречил. Или е тоа уште едно плацебо, уште една шеќерна водичка што сакаат да ни ја продадат како лек. Тие луѓе не можат да испорачаат, не можат да одработат за чадорот и волшебникот од проста причина што им е туѓ самиот концепт на работа. А да одлежат знаат и можат, богами и треба. Е тоа се тие идоли на „револуцијата“. По паметните меѓу нив знаат дека доаѓа време цехот да се плати и си се упикаа на изборни листи. Пратеничкиот имунитет им дава барем 2 години раат. Вие? Вие што поверувавте? Вие што јадевте магла секој ден и два пати во недела (се зезам бре, недела е неработна во револуција 🙂 ). Вие ќе ги платите нивните сметки кога еден агент кој води една топ емисија на телевизија ќе го изгасне светлото. Кога ќе се запали пак, ќе останете само вие кои поверувавте дека борбата е за правда и мир а и дека најмногу новороденчиња умираат во Македонија и најголем број одселени се од Македонија…или Србија? Или Хрватска? Босна? All of the above? Да секако. Ќе погледнете во сметката а крчмарот ќе биде над вас. Бегање ќе нама а први со прст кон вас ќе покажат вашите денешни идоли. Вие сте топовското месо, рибата што ја загриза јадицата… Одбрана? Размислувај со сопствена глава зошто за тебе и твојата иднина се работи. Присети се на народната, Држ те го крадецот најчесто извикува самиот крадец. Продавачите на магла и лажен морал имаат тони магла на залиха имаат и пари за пропаганда. Единствено што немаат е ВРЕМЕ, а тоа или не се купува или е мноооогу скапо. Затоа останете луѓе, не наседнувајте на пропаганда и острете ги сетилата. Секако и пенкалата на готовс. За Секој случај.
ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА !
Пишува Алекс Ванко
Филозоф, писател, аналитичар(СЈО) молчат пред математиката а времето си т