Продолжението на „Игрите на гладните“, филмот на Лук Бесон „Малавита“ и анимираната авантура „Снежно кралство“ на реперторатор на Cineplexx

Филмот кој се најде оваа недела на првото место на светски листи „Игрите на гладните:Раѓањето на огнот“ овој четврток ни пристига во Cineplexx.
Катнис Евердин веруваше дека ги постигна своите физички и емоционални граници и сè што  посакуваше е да се врати дома кај своето семејство.  Но, тоа нема да се случи во новото  продолжение. Таа е сега друга особа – девојка прогонета од сеќавањата на животот кој е под  контрола на Капитол. Кога ќе се вклучи во 75те Игри на гладните, тоа ќе ја доведе во нова состојба на  свеста. Упорна и слободоумна, ги запознава двете страни на медалот за хероизам – тежина и моќ. Во  главната улога повторно ја гледаме Џенифер Лоренс, која го доби Оскарот за најдобра женска улога  во филмот „Во добро и зло“. „Катнис е лик кој го обожувам, а во овој филм нејзината улога ќе се  промени“, напоменува актерката. „Во првиот филм постана хероина, а само сакаше да го спаси  своето семејство, но сега носи поголем товар. Таа чувствува одговорност пред сите луѓе кои зависат  од неа, но тоа ја измачува бидејќи таа тоа не го посакуваше“.
Режисерот Францис Лоренс одушевен од преданоста на актерката, вели: „Џенифер го  разбира овој лик и му дава слоевитост на карактерот. Ја гледате Катнис како се развива како особа, а  фасцинантно е да ја гледате Џенифер бидејќи таа улога природно и лежи на карактерот. Сè е многу  инстинктивно“.

Од режисерот Лук Бесон кој и е познат на публиката по филмовите „Никита“, „Леон:  професионалец“ и „Петтиот елемент“, оваа година се враќа со својот омилен филмски жанр – акциона комедија. Станува збор за филмот „Малавита“ кој ќе се најде на репертоарот на Cineplexx од  четврток. Акционата комедија е базирана на бестселерот „Badfellas“ и го следи познатото мафијашко  семејство Манцони кое се сели во Сан Франциско, како дел од програмата за заштита на сведоци.  Меѓутоа колку и да се трудат да се вклопат во новата средина, старите навики едноставно тешко се  забораваат и многу брзо сите заедно ќе се најдат во добро позната ситација во која ќе ги решат  работите на добро познатиот „семеен“ начин.
Бесон за својот нов филмски проект собра одлична глумачка постава која ја предводат  добитниците на престижната награда Оскар, Роберт Де Ниро и Томи Ли Џонс, а ќе им се придружат и  Мишел Фајфер, Диана Агрон и Џон Д’Лео.

 

Репертоарот го дополнуваме со нова 3D анимирана авантура, насловена „Снежно кралство“ која не води во зимските денови од светот на Дизни. Испириран од бајката „Снежната кралица“ на  Х.К. Андерсен, Дизни не води на авантура во снежното кралство на бестрашната оптимистка Ана. Таа  со помош на Кристоф и невештиот снешко Олаф ќе бидат затекнати од ледено опасни ситуации  додека трагаат по сестра ѝ Елса чии ледени маѓични моќи го обвиваат кралството во вечна зима. Со  мистичните суштества, неочекуваните ситуации и пријателството, Дизни ни носи уште еден слатка  авантура за целото семејство.
Повеќе информации за филмовите можете да најдете на веб странатa на Cineplexx www.cineplexx.mk, и нивната  facebook страна https://www.facebook.com/CineplexxMakedonija
 Раѓањето на огнот“ овој четврток ни пристига во Cineplexx.
Катнис Евердин веруваше дека ги постигна своите физички и емоционални гран

Пронајдете не на следниве мрежи: