ПРОДОЛЖУВА ЛАДНАТА ВОЈНА: Русите ќе испитуваат дали Американците навистина стапнале на Месечината!

Сѐ позатегнатите односи помеѓу Русија и САД, би можеле да се најдат пред нов предизвик: испитување на Русија дали Американците навистина слетале на Месечината.Портпаролот на Истражниот комитет при руската влада, Владимир Маркин, наведува дека таквата истрага би можела да открие нови увиди во историските патувања во вселената, пишува „Известија“.
Според „Московски Тајмс“, Маркин би ја поддржал истрагата која би се занимавала со исчезнувањето на оригиналните снимки од последносто слетување на Месечината во 1969 година, како и каде се наоѓаат камењата донесени од Земјиниот природен сателит од неколку мисии.
-Не тврдиме дека тие не летаа до Месечината и направија филм за тоа. Но, сите научни, или можеби културни артефакти се дел од наследството на човечкото наследство и нивното исчезнувањ е заеднички губиток. Истрагата ќе покаже што навистина се случило, истакнал Маркин.
Меѓутоа, зборовите на Маркин најверојатно нема да ги загрижи научниците на НАСА. Уште во 2009 година, претставниците на НАСА признале дека поради мерките на штедење биле избришани 200.000 снимки, меѓу кои биле и оригиналните видео записи од првото слетување на Месечината, пишува „Ројтерс“.
Сепак, НАСА успеа да дојде до копии од снимките на слетување, благодарение на архивите на страницата „Си-Би-Ес Њуз“.
Од друга страна, НАСА има истакнувано дека тлото и каменот од Месечината се единствени.
-Се разликуваат од било што друго на Земјата во многу аспекти, нагласил Дејвид Мекеј во 2001 година, еден од челниците на огранокот на НАСА „Вселенски центар Џонсонс“, каде што се складира поголем дел од материјалот земен од мисиите.
Портпаролот на Истражниот комитет при руската влада, Владимир Маркин, наведува дека таквата истрага би можела да открие нови увиди во историските п

Пронајдете не на следниве мрежи: