Продолжува мистеријата за смртта на докторката Јелка

Мистеријата за смртта на познатата докторка Јелка Масин-Спасовска (53), која во вторникот вечерта беше пронајдена мртва во сопствениот дом во скопски Kапиштец, ќе продолжи и наредните денови.Обдукцијата и анализите што треба да се извршат врз нејзиното тело с` уште не се комплетирани поради што останува нејасно дали докторката била убиена или самата одлучила да посегне по сопствениот живот. Се очекува одговорот на клучното прашање да биде познат во следните неколку дена, пишува ДНЕВНИК.
Во моментот траат истражните дејства што се преземаат за расчистување на случајот.
Се вештачат трагите и доказите прибрани во домот на Спасовска, како и крвта пронајдена во станот 24, во зградата број 10, на улицата Елисие Поповски – Марко.
Во Институтот за судска медицина во Скопје се комплетираат наодите, готови се патолошките, надворешните и внатрешните истражувања, но сега се чекаат резултатите и од лабораториските испитувања, кои треба да покажат дали таа била под дејство на алкохол или седативи.
– Не можеме да излеземе со конечниот наод дали станува збор за убиство или самоубиство с` додека не бидеме 100 отсто сигурни во тоа. Чекаме уште некои лабораториски резултати по што ќе имаме комплетна слика за случајот. Верувам дека тоа ќе се случи до средината на идната недела – изјави д-р Здравко Чакар од Институтот за судска медицина за „Дневник“.
Штом вештиот наод биде изготвен, веднаш ќе биде проследен до Основното јавно обвинителство. Од таму велат дека дотогаш не може да се знае на кој начин завршил животот на докторката во Kлиниката за нефрологија во Kлиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје и вонреден професор на Медицинскиот факултет.
Во меѓувреме нејзините блиски се подготвуваат за нејзиното последно испраќање. Погребот ќе се изврши денеска на гробиштата во Бутел.
– Ќе ја погребаме, а не знаеме како почина – велат блиски на семејството Спасовски.
Мртвото тело на Јелка Масин-Спасовска го пронашол нејзиниот сопруг, Гоце Спасовски, кој исто така е доктор на Kлиниката за нефрологија. Во вторникот вечерта, околу 21 часот, кога се вратил дома, ја забележал сопругата како лежи облеана во крв во тоалетот, со расеченици по телото и убодна рана во вратот. Kрај телото имало нож, а таа имала расеченици на вените на левата и десната така, како и на левата вратна вена.
– Тој како доктор се обидел да ~ укаже прва помош, но сфатил дека не дава знаци на живот. Повикал итна помош, која стигна набргу – велат станарите на зградата во која живеат Спасовски. Тие раскажуваат за драматични случувања во ходникот и пред зградата.
– Не можевме да претпоставиме за што станува збор бидејќи претходно ништо не слушнавме. Видовме дека итната помош брза кон зградата, лекарите влегоа во влезот, а потоа на носила ја изнесоа докторката. Имаше крв насекаде. Во тие моменти пристигна и ќерка ~. Можете да замислите каков шок преживеа девојката, едвај ја смиривме – коментираа соседите.
Соседите не можат да ја прежалат омилената докторка
Во дуќаните на приземјето на зградата во која живее семејството Спасовски, како и низ целото маало, и вчера владееше неверување по веста за злокобната судбина на омилената докторка.
– Не беше крупна по физиономија, но беше човек планина. На сите ни помагаше, со сите пријатна, а за нејзината стручност нема зборови. Имаше една ќерка од првиот брак и таа закажа свадба за неколку недели. Зарем е можно ова да се случи пред толку убав момент – се прашуваат соседите.
Тие имаат пофални зборови за целото семејство, велат дека сопругот Гоце бил исклучително пријатен човек, кој не минувал без да се поздрави.
Обвинителството се надева дека постојат снимки од видеонадзорот на околните објекти, кои би биле од помош на истрагата. Во зградата број 10 нема видеокамери. Испитани се неколку лица, но осомничени нема.Обдукцијата и анализите што треба да се извршат врз нејзиното тело с` уште не се комплетирани поради што останува нејасно дали докторката била убие

Пронајдете не на следниве мрежи: