Пивара Скопје и нејзините брендови и оваа година, традиционално, се нераскинлив дел од најпознатата македонска свадба, која викендов по 44-ти пат се одржува во неповторливиот амбиент на живописниот Галичник на планината Бистра.Покрај финансиската поддршка за организацијата на годинешната „Галичка свадба“, со што се придонесува за зачувување и афирмација на автентичниот фолклор, уникатното народно творештво и традиција, како и националното културно богатство, Пивара Скопје за учесниците во оваа автентична културно-сценска манифестација обезбеди и соодветна количина пијалаци од своето портфолио, како неодвоив дел од сите веселби и прослави.
Дополнително, пред заминување кон Галичник, годинешните галички младоженци – невестата Тања Чалоска и зетот Бошко Лепчески, беа специјални гости на Пивара Скопје.
Од страна на директорот за односи со јавност и комуникации, Ламбро Патче, специјалните гости беа запознаени со 93 – годишната историја и компаниско наследство, како темел врз кој и денес Пивара Скопје ја гради својата мисија и визија за одржлива иднина, како и со компаниските вредности засновани на традицијата наследена од генерации Пиварци и нивниот труд и посветеност за производство на најпосакуваните пива и безалкохолни пијалаци на пазарот. Посебно беше акцентирана поддршката што компанијата со децении наназад ја обезбедува за зачувување и негување на културното богаство, вредностите и добробит на заедницата во целост.
Низ процесот на производство на пиво ги водеше еден од најискусните пивски мајстори во регионот, директорот за производство на пиво во Пивара Скопје, Кирчо Стојанов, а „магијата“за создавање на најпознатите светски безалкохолни пијалаци на Coca-Cola им ја откри директорот за производство на безалкохолни пијалаци, Горан Стојковски.
При посетата, годинешните галички младоженци добија и уникатни обележја „Амбасадор на Пивара Скопје“, како уште еден симболичен детаљ по кој тие ќе ги паметат деновите кога стапиле во брак во Галичник и со тоа придонеле за сочувување на автентичната македонска традиција и култура.
И оваа година, манифестацијата „Галичка свадба“ се очекува да привлече илјадници посетители од земјава и странство, кои одново ќе имаат можност да бидат сведоци на над 30-те оригинални свадбени обичаи, проследени со традиционални народни песни и ора, како и народни носии кои пленат со својата уникатност и убавина.
И во оваа прилика, Пивара Скопје им препорачува на сите оние кои викендов ќе се упатат кон Галичник, да возат безбедно, да не возат доколку пијат и да консумираат одговорно.Покрај финансиската поддршка за организацијата на годинешната „Галичка свадба“, со што се придонесува за зачувување и афирмац