Медиумите кои лажно се претставуваат како слободни и независни, со несмален интензитет продолжуваат со „вовлекувачката“ уредувачка политика кон Зоран Заев и СДСМ и со понижувачкиот однос кон себе и кон новинарската професија.Иако новиот премиер јавно искажа дека очекувал критички став кон неговата влада од медиумите, неговите први медиумски експоненти, оние кои нескриено и жестоко го поддржувале него и неговите политики, наместо со критика веднаш започнаа со акција која може да се протолкува само како обид за вовлекување што подлабоко „во душата“ на новото владино раководство.
Героски и Плусинфо засега предничат во трката. Најеклатантни примери од претходните неколку дена се колумнните „ПРОФИЛ – Зоран Заев: Избрал ми се изнашол, чумата да ја пропади!“ од Жарко Јордановски и „Заев, човекот со чедно срце“ од Атанас Вангелов.
Особено индикативна е второпосочената колумна во која Вангелов го претставува Заев како тајниот принц на сиромашните бидејќи цело време додека бил градоначалник својата плата ја делел на сиромашни луѓе. Ова воопшто не е невидено во светски рамки, многу функционери кои имаат сопствени бизниси се откажуваат од платата и таа завршува во хумани цели. Меѓутоа тоа го прават јавно и во тоа нема ништо срамно.
Тајноста на Заев околу делењето пари Вангелов ја припишува на неговата желба да не се создаделе дилеми во јавноста дека зад гестот се криел некаков „интерес“. Меѓутоа Струмичани го коментираат одамна токму тоа – дека има интерес и јавна тајна е дека на многу луѓе без работа особено од баничкиот регион секој ден на рака им биле исплаќани пари, со што тие наводно се обврзувале на изборите својата поддршка да им ја дадат на луѓето кои им плаќаат ситни пари на рака секој ден, што е класично кривично дело за кое се оди и во затвор.
На крајот на краиштата, должноста на секој градоначалник е да им го олесни животот на луѓето, а навистина хумано е да им се помага на сиромашните – меѓутоа, како фамилија со многу бизниси Заеви можеле и дури и да ги вработат луѓето кои им се обраќаат за помош, што не го сториле – туку им исплаќале пари на рака. Помош или купен глас? Тоа ќе го докаже некоја истрага, некогаш кога во земјава ќе има суд кој ќе се осмели да го гони Заев, меѓудругото за криминали кои ако се докаже дека ги реализирал, е совршено јасно зошто човекот може да си дозволи не една, туку 10 плати месечно да ги дава во т.н. хуманитарни цели, или во потплатување избирачи и купување гласови, како што тоа го нарекуваат Струмичани.
Дотогаш, неговите „хумани особини“ е сосема сигурно дека ќе користат како повод за докажување на беспокорната лојалност и градење култ кон новиот Голем Лидер на СДСМ и Македонија, Зоран Заев кој најави слободни медиуми, а од првиот ден на неговото владеење започна невидено и бедно улижување на медиуми кон него и неговата власт. Дел од нив дали своеволно – дали под присила јавно се извинуваа за секоја критика која ја упатиле во изминатите години кон Заев, СДСМ и нивните активисти. Нешто што во светов го виделе севернокорејските водачи и лидерите од калибарот на Пол Пот од Црвените Кмери.
А, ако е таков односот на критичките медиуми, како ќе изгледаат некритичките? Точно како насловите кои ги имате погоре.
Во трката не заостануваат ниту другите познати „слободни медиуми“ кои слободно продолжуваат со потпикнувачкиот понизен став кон новата Влада, кој е повеќе од понижувачки за професијата. Не е срамота некого да поддржуваш отворено, но срамота е да се правиш дека тоа не е така и дека ти си професионален новинар и објективен опсерватор, додека во исто време односот кон „Големиот Лидер“ ти е како да се наоѓаш во Северна Кореја и шеф на државата е Ким Јонг Ун.
Ниту еден политичар во Македонија досега не „барал“ ваква помош и ваков сервилен понижувачки однос на седмата сила кон него. А поминаа само 3 дена откако на сила стапи новата Власт на Заев и СДСМ. Како ќе изгледаат ваквите медиуми во иднина?
Не гледајте подалеку, одговорот ви е пред очи:
Иако новиот премиер јавно искажа дека очекувал критички став кон неговата влада од медиумите, неговите први медиумски експоненти, оние кои не
Пронајдете не на следниве мрежи: