Во Маврово утрово е измерена најниска температура од -19 степени, следи Крушево и Лазарополе со -18, Тополчани и Ѓуриште -17, Пожаране -15, Прилеп, Крива Паланка и Берово -14, Претор, Охрид, Виница, Дебар, Куманово и Битола -13, Штип и Тетово -12, Скопје -11, Струмица, Демир Капија и Дојран -10 до -8 во Гевгелија.Врнежи се регистрирани во текот на изминатите 24 часа во Берово, Битола, Прилеп, Виница и Ѓуриште 1 литра, Крива Паланка и Куманово два, Пожаране три, Тополчани четири и Маврово пет литри.
Висината на снежната покривка се движи од 4 Дојран, 8 Претор, 10 Струмица, 11 Виница, Скопје-З.Рид, 12 Д. Капија, 14 Прилеп, 15 Штип, 18 Скопје Петровец, 19 Охрид, 20 Куманово, 21 Битола, 23 Крушево, 25 Кр. Паланка, 26 Ѓуриште, 27 Берово, 30 Дебар, Тетово, 34 Тополчани, 51 Лазарополе, 60 Пожаране до 84 во Маврово.
Утрово времето е променливо облачно и многу студено со умерен до засилен северен ветер. Според последните податоци слаб снег паѓа само во Прилеп, а во Штип ветерот дува со брзина над 80км/ч.
Времето во текот на денот ќе биде променливо облачно и многу студено со сончеви периоди. На места повремено ќе провејува слаб снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието. Максималната температура ќе се движи од -13 до -6 степени.
Во Скопје врфемето ќе биде променливо облачно со умерен повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до -9 степени.
Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно и многу студено време со услови за провејување на локален слаб снег. Утринските температури насекаде ќе бидат многу ниски, особено утре, кога на места ќе се спуштат и под -20-тиот степен, а дневните ќе бидат во благо покачување.Врнежи се регистрирани во текот на изминатите 24 часа во Берово, Битола, Прилеп, Виница и Ѓуриште 1 литра, Крива Паланка и Куманово два, Пожаране т