четврток, 12 ноември 2026
Најново

Продолжува судскиот процес за настаните во Дива населба

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Судскиот процес против 29 лица обвинети за настаните во кумановската Дива населба кои се случија во мај минатата година треба да продолжи денеска во Врховниот суд. Пред Судскиот совет треба да сведочат полицајци кои учествуваа во акцијата.Обвинетите се товарат за тероризам и учество во терористичка организација.
На претходните рочишта обвинетите се изјаснија дека се невини и одбраната побара случајот да биде преземен од Специјалното јавно обвинителство, пишува МИА. Судијата одговори дека предметот ќе биде предаден на ова обвинителство доколку оттаму пристигне такво барање до судот.
Обвинителството тврди дека нападот во Дива населба бил добро организиран, а обвинетите настапиле со директна умисла.
На 9 и на 10 мај минатата година во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени.  Убиени беа и десет лица од вооружената група.Обвинетите се товарат за тероризам и учество во терористичка организација.
На претходните рочишта обвинетите се изјаснија дека се невини и

Поврзани вести