Активностите за реконструкцијата и дислокација на магистралниот вод Е2 од дистрибутивната мрежа за топлинска енергија, кој поминува низ населбата „Капиштец“, се одвиваат во полн ек.Најдоцна до почетокот на овој викенд се очекува да завршат интервенциите со прекопување на улицата „Френклин Рузвелт“, во близина на зградата на Министерството за економија, со што се очекува нормализрање на сообраќајот на оваа улица. Сѐ до целосното завршување на активностите во овој дел од рутата на магистралниот тополовод, кои започнаа минатата недела, сообраќајот ќе се одвива под специјален времен режим одобрен од надлежните служби.
Екипите на Дистрибуција со топлина Балкан енерџи ДООЕЛ Скопје работат интензивно на што поскоро завршување на инвестиционите проекти, а граѓаните се замолуваат за разбирање.
Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје, во рамките на својата инвестициска програма за 2017 година, спроведува низа активности за модернизација и ревитализација на дистрибутивната мрежа во Скопје. Преку инвестициите се зголемува квалитетот на услугата, а се зголемува и нејзиниот капацитетот во насока на пресретнување на потребите на новите корисници. Истовремено преку овие инвестиции се зголемува енергетската ефикасност на дистрибутивниот систем за топлинска енергија, што е значајно и за подобрување на квалитетот на животната средина.Најдоцна до почетокот на овој викенд се очекува да завршат интервенциите со прекопување на улицата „Френклин Рузвелт“, во бли