Програмата за заштита на населението од ХИВ за 2018 година ќе добие 103 милиони денари од Владата и Министерството за здравство со што ќе се обезбеди континуирана антиретровирусна терапија за пациентите со ХИВ и одржување на програмите за превенција кај клучните популации засегнати од ХИВ. На меѓународната конференција „Модели за финансирање на програмите за превенција на ХИВ и намалување на штети од употреба на дроги“ покрај презентирање на европските искуства во однос на моделите за финансирање, беа донесени и заклучоци за понатамошното функционирање на овие програми.На истата учествуваа претставници на здруженијата, Министерка за труд и социјална политика, Мила Царовска, Заменик министер за здравство, д-р Гоце Чакаровски и д-р Венко Филипче, Советникот за здравство на претседателот на владата на Република Македонија како и пратеници во Собранието, претставници на министерства и на институциите, експерти и гости од Хрватска и Чешка.
„Добивме значајна поддршка и средства се кои се осигурува понатамошната непречена работа на програмите за заштита од ХИВ и намалување на штети од употреба на дроги, но исто така што е многу позначајно, договоривме една солидна основа за создавање на долгорочно решение со ефикасно и ефективно финансирање, на корист на сите страни. Заедно си поставивме обврски што треба да ги изработиме со галопирачка динамика и навремено да создадеме нормално и непречено финансирање и одвивање на активностите на програмите. Овој исход посебно нè радува затоа што од институциите и ресорните министерства добивме потврда за добрите резултати од нашата работа како и тоа дека постои разбирање за важноста и потребата од овие програми“, изјави Христијан Јанкулоски, Извршен директор на ХОПС.
Покрај договореното финансирање, до крајот на 2018 години потребно е да се имплементираат активности со кои ќе се воспостави функционален и долгорочен механизам за финансирање на активностите од Програмата. Една од приоритетите е измени и дополнувања во Законот за здравствена заштита и евентуално во Законот за јавно здравје. Следи обезбедување ефикасен начин за навремен трансфер на средства кон спроведувачите на програмите, при што најсоодветен е припејд систем за плаќање, формирање на регистар на граѓански организации кои исполнуваат определени критериуми, со што ќе се вреднува нивната специфична експертиза и искуство. Целта на овој регистар е да гарантира поголема стабилност во партнерството помеѓу Министерството за здравство и јавните здравствени установи од една страна и граѓанскиот сектор кој работи на полето на јавното здравје, од другата страна.
Уште е потребно програмите да се унапредат за да овозможат подобро следење на имплементацијата на активностите, да ја одразуваат сложеноста на активностите за превенција и поддршка во врска со ХИВ насочени на клучните засегнати популации. Министерството за здравство треба да осигура дека спроведувањето на активностите ќе се одвива навремено и според план.
Како генерален заклучок од сите страни беше во имплементирање на договорените измени и активности да се искористи знаењето од успешните искуства од Хрватска, Чешка, Естонија.На истата учествуваа претставници на здруженијата, Министерка за труд и социјална политика, Мила Царовска, Заменик министер за здравство,