Продолжуваат реконструкциите во студентскиот дом Гоце Делчев

Министерството за образование и наука продолжува со инвестициите за темелна реконструкција на најголемиот студентски дом  “Гоце Делчев“ во Скопје.Со етапната реконструкција на овој капитален објект до овој момент се опфатени блокот Б кој што е целосно реновиран и најсовремено опремен, како и блокот А каде целосно се завршени градежните активности, за што се инвестирани 180 милиони денари.
Во меѓувреме, според плановите на Владата и Министерството за образование и наука започната е постапката за избор на компанија за реконструкција и на останатите блокови В и Г, односно до 15 февруари е рокот за јавно прибирање на понуди, по што ќе следи нивна евалуација и избор на најповолен понудувач.

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски пред една недела на прес конференција информираше дека станува збор за голема инвестиција која значително ќе го унапреди студентскиот стандард и условите за престој и студирање на самите студенти.
-Овој прилично голем зафат подразбира замена на вратите, прозорците, подовите, електричната и водоводната инсталација, системот за парно греење, молерисување на ѕидовите и нова опрема во сите соби, изјави Ристовски, додавајќи дека целата активност за која исто така, ќе бидат инвестирани 180 милиони денари, треба да заврши до крајот на годинава, со што домот ќе добие целосно нов лик.
 
 Со етапната реконструкција на овој капитален објект до овој момент се опфатени блокот Б кој што е целосно реновиран и најсовремено опремен, како и

Пронајдете не на следниве мрежи: