Продолжуваат скандалите во режија на СЈО и медиумите под контрола на СДСМ/Сорос

Продолжуваат скандалите  во режија на СЈО и медиумите под контрола на СДСМ/Сорос.Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска иако доцна поканета, се појави пред обвинителството на Катица Јанева, тврдејќи дека нема што да крие затоа што чесно и одговорно ја одработувала функцијата која ја вршеше.
Пред да даде исказ во СЈО, таа ги побарала на увид доказите за да може да се произнесе по обвиненијата што ѝ се ставаат на товар. Јанкулоска повтори дека не е виновна и дека не направила ниту едно кривично дело додека била на министерската позиција и СЈО го нарече продолжена рака на опозицијата.
Телевизијата „Алсат – М“ денес објави дека Јанкулоска не дошла во СЈО вчера кога било договорено да изврши увид во доказниот материјал иако увидот во доказите беше нејзино барање. Ова го пренесуваат и останатите портали под контрола на СДСМ платени од Сорос.
Ваквото тврдење е побудено од чиста партиска корист на сметка на СДСМ и не е вистинито.
Според наши извори, во моментов веќе тече увидот во списите на предметите од страна на одбраната на Јанкулоска. Во СЈО се наоѓа обвинителот Трајче Пеливанов.
Медиумите платени од Сорос со денови пласираат шпекулации во врска со работата на СЈО, информации кои им се во корист на СДСМ.
Ова е веќе трет скандал во изминативе два дена во режија на СЈО и медиумите под контрола на СДСМ/Сорос.
Во првиот, кој наиде на потсмев и неверување и во стручната и во целокупната јавност, Катица Јанева, спротивно на Уставот и праксата во сите демократски земји, сама ја прогласи Јанкулоска за виновна и преку Телма и порача доколку сметала дека е невина на нејзе да и ги доставела доказите дека не е виновна. Преседан каков што не се случил никаде во светот.
Во вториот, во изјава за телевизијата 24 Вести, портпаролот на СЈО Ленче Ристовска рекла, а потоа беше пренесено преку сите портали кои работат по налог на СДСМ/Сорос дека „Изјавата на Јанкуловска што ја даде пред камерите дека не и било овозможено увид во доказите е крајно неточна и некоректна, бидејќи воопшто не станува збор за скратување на правото“. Во својата изјава Ристовска потоа се правда дека СЈО и го предочило правото на увид, што се гледа дека е сосем неточно од дописите до кои што дојдовме.
Дали Ленче Ристовска намерно дала лажна изјава на 24 Вести или по грешка прикрила важна информација дека и претходно бил баран увид во списите кој не бил дозволен од СЈО, се обративме со директно прашање до Катица Јанева.
Како и секогаш кога се во прашање медиуми кои не се под контрола на СДСМ/Сорос и кои критично ја опсервираат работата на СЈО, од таму се сокрија зад празни флоскули и го избегнаа одговорот.Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска иако доцна поканета, се појави пред обвинителството на Катица Јанева, тврдејќи дека н

Пронајдете не на следниве мрежи: