Ставот на опозицискиот лидер Зоран Заев дека медиумите се најголеми непријатели на СДСМ, најголемата опозициска партија продолжува да го остварува во пракса. Партијата која секојдневно вели дека се залага за слобода на медиумите без никакви притисоци и закани всушност го практикува токму спротивното.Техничката министерката од СДСМ за труд и социјала, Фросина Ременски и нејзиниот сопруг преку социјалната мрежа Фејсбук и се закануваат на главната уредничка на Вечер и заменик главната уредничка на Сител, Ивона Талевска, откако Вечер откри дека сопругот на министерката учествувал во скандалот со прислушуваните разговори.
Ременски и порача на Талевска дека ќе одговара два пати, и дека допрва ќе биде во наводници “наградена“, сугерирајќи дека не знае што се нема во прислушваните разговори. Ако првата казна е за клевета, Ременски не објави која е втората казна која ја најавува. Во исто време, сопругот на министерката на фејсбук и се закани на Талевска дека ќе и земе милион.
Нападите на СДСМ врз новинарите не се нешто ново, туку истите се продолжение на односот кој оваа партија го има врз неподобните новинари. Во јавноста веќе одамна е јасно дека оваа партија гласно, но лажно, се залага за слободата на медиумите, бидејќи нивните функционери постојано вршат притисок врз новинари, им се закануваат и јавно ги навредуваат.
Кон крајот на минатата година, Зоран Заев како ниту еден друг политичар, јавно објави дека негови најголеми непријатели се одредени македонски медиуми, кои не работат под диктат на партиското седиште на „Бихаќка“.
-Во моментов став на СДСМ и мој личен став е дека поголем политички непријател за нас како опозиција, се медиумите како што се Сител, Канал 5, Алфа телевизија, Дневник и Македонската радио телевизија, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање.
Оваа изјава е скандалозна во повеќе наврати, но целта е една и единствена, а тоа е пресметка на Заев со медиумите кои имаат било какви критики за неговата работа. Заев инаку е човекот кој ја предводи партијата која со години лажно се залага за слобода на медиуми. Со ваквата негова изјава, тој покажува целосно непочитување на новинарската професија, но и до сите вработени во поголем дел од медиумите.
Колку СДСМ нема никаква почит кон професијата и каков е нејзиниот однос кон медиумите е повеќе од јасно. Критичките медиуми постојано се мета на навреди и закани од СДСМ, па наместо да водат битка со својот политички противник, партијата на Заев сака да се пресметува со новинари.
Како СДСМ се однесува со новинарите кои не одработуваат за нив покажуваат низа примери. Партискиот функционер Петре Шилегов кој воедно е и пратеник во македонското собрание, неодамна преку статус објавен на својот facebook профил директно му се закануваше на Драган Павловиќ- Латас, одговорниот уредник на Сител, медиум кој беше прогласен за еден од 5-те непријателски од страна на лидерот на Заев.
„И да, господине ДПЛ. Karma is a bitch. Свесен си дека кругот врти и дека кој од каде почнал, таму завршува. Ти си почнал од казнено-поправни установи. Таму и ќе завршиш. И тука, веќе ти нема помош, пишува Шилегов.
Покрај речиси секојдневните закани и навреди, СДСМ директно стоеше и врз демолирањето на просториите на неделникот „Република“ и Радио Слободна Македонија, за време на протестите на опозицијата. Пред само околу еден месец РСМ беше мета на груб напад на приврзаниците на опозицијата, организирани од невладини организации под водство на Сорос во кои посериозно беше повреден и фоторепортер на весникот „Вечер“.
Исто така и Курир е постојата мета на навреди и закани како од СДСМ, така и од нејзини активисти кои отворено и јавно монструозно се закануваа по животот на нашите вработени.
-Ќе ве влечам со кола по Партизанска седум дена и седум ноќи дур не ви се распадне телото и почне да смрди. Малку ми е жал за тебе пошто имаш синче, ама си се нафатила со политика … Сега мајчиното млеко ќе го исплачете, ќе ви излезе низ нос секоја буква што ја напишавте изминативе десет години во ’Курир’.
Ова беше дел од заканата од симпатизер на СДСМ испратена до една од вработените во „Курир“, а која се однесуваше на сите кои се дел од тимот кој ја уредува и креира содржината на КУРИР.
Посебна приказна е теророт кој СДСМ и нејзини активисти го вршат врз новинарите за време на прес-конференциите во седиштето на партијата. Забележително е и тоа дека, дел од оние во позадина не го кријат своето мислење па упатуваат навреди од типот:
-Гнидо една! Затоа ли те ставија уредник! Многу ти беше наместо прашањето!?
Претходно и ТВ Сител пишуваше за начинот на кој насобраната толпа на пресконференциите на СДСМ се однесува кон дел од новинарите. Во текстот „На пресконференциите на СДСМ како на настан на фашистичката „Златна зора“ ТВ Сител објави дел од заканите упатени кон нив и кон нивните новинари:
– Ќе ти ја скршам главата. Ќе видиш што ќе ти се случи. Дојди ти во Струмица да поставуваш вакви прашања. Кај ќе одиш кога ќе се смени власта.
„Свињо една, си дошол од Кавадарци тука да ми се правиш главен“, вака братучедот на Радмила Шекеринска, Никола Наумовски му се обрати на новинарот на Сител, Љупчо Златев кој професионално следеше настан на градоначалникот на Центар Андреј Жерновски.
Серијата навреди за репортерот, неговите колеги и уредници и медиумот за кој работи траеа за време на целата изјава на градоначалникот, а продолжија и на социјалните мрежи каде само прогласениот борец за човекови права самиот објави фотографија од настанот заедно со репортерот кој бил предмет на најбрутално тормозење.
На сликата објавена на фејсбук каде повторно го навредува репортерот, коментар со недолична содржина објавиле и други негови колеги од таборот на СОРОС и Хелсиншкиот комитет кои на дело покажуваат како се борат за правата и достоинството на новинарите и граѓаните.
Новинарот соочен со притисокот побара и од организаторите на настанот да дадат оценка за однесувањето на нивниот колега откако ниту граѓанското здружение ниту градоначалникот Жерновски кои тогаш држеа прес конференција за иднината на ГТЦ не направија ништо во заштита на новинарот кој го покриваше настанот.
Ова се само дел од заканите кои новинарите од медиумите за кои Заев смета дека не се професионални секојдневно ги добиваат од партиските активисти и функционери на СДСМ. Со ваквото однесување кое продолжи и вчера со заканите на Ременски кон Талевска, СДСМ директно придонесува за намалување на медиумските слободи и негативни извештаи за Република Македонија.Техничката министерката од СДСМ за труд и социјала, Фросина Ременски и нејзиниот сопруг преку социјалната мрежа Фејсбук и се закануваат на главната