Продукцијата на X Factor, и се извини на Ана Грубин

Овонеделното издание на талент шоуто “X Factor Adria” ќе остане запомнето по неколкуте скандали кои што избија во медиумите непосредно по неговото одржување, па откако Илма, младата Босанка која го напушти шоуто, ја проколна Емина преку социјалните мрежи, во медиумите беше објавено и за скандалот со водителката Ана Грубин.Имено, продукцијата “MBK”, која го реализира лиценцираното музичко шоу “X Factor Adria”, по повод расправијата помеѓу Ана Грубин и Славко Калезиќ, настаната непосредно пред почетокот на последното издание од шоуто, до сите медиуми од регионот испрати соопштение во кое што го изразува своето жалење поради немилиот настан.
Во продолжение прочитајте што точно пишува во официјалното извинување до атрактивната водителка.

 
“Поради се она што во изминатите неколку денови беше пласирано во медиумите, продукцијата “MBK” чувствува потреба да го искаже своето жалење поради сите непријатности кои што и се случија на водителката на шоуто, Ана Грубин, како и на членовите на нејзиниот тим.
Ана пристигна во договореното време за својата закажана проба и во рамките на истата, таа не предизвика апсолутно никакви проблеми, ниту со вработените во продукцијата, ниту пак со некој од гостите”, пишува во објавата на продукцијата.
“Со оглед на тоа што во изминатите неколку денови беше пласирана приказната дека Ана се однесува непрофесионално и надмено на пробите и снимањата, продукцијата тврди дека напротив, таа е личност која што својата работа ја извршува професионално и со неа досега сме немале никаков проблем.
Ана никогаш не ја уценувала продукцијата, ниту пак од нас барала да се променат гостите, натпреварувачите или некој од останатите членови на екипата.
Сите одлуки се носат исклучиво од страна на продукцијата “MBK””, стои во обраќањето на продукцијата до јавноста.Имено, продукцијата “MBK”, која го реализира лиценцираното музичко шоу “X Factor Adria”, по повод расправијата помеѓу Ана Грубин и Славко Калезиќ,

Пронајдете не на следниве мрежи: