Владиниот проект „Скопје 2014“ беше мета на коментирање на македонската новинарка Тамара Чаусидис која за хрватските медиуми го даде своето мислење на оваа тема.Хравтската јавност не е доволно запознаена со овој македонски владин проект, па преку интервју на хрватскиот медиум „Данас“, Чаусидис од своја перспектива со критики и негативности, сака да ја информира хрватската јавност за проектот „Скопје 2014“.
„Се плашам дека галеријата нема да успее да го долови вистинскиот ефект од она што се случува под работниот наслов “Скопје 2014”. Само кога физички ќе зачекорите во тој простор полн со статуи, мостови кои водат никаде, бродови во реката, што не летаат насекаде, згради како филмски сцени само два метри широки, барокна фасада залепен на модерна зграда, и само тогаш навистина ќе сфатите дека сме сведоци на една ужасна ера. Најавени се и нови споменици: статуа на Мајка Тереза висока 30 метри, донации од контроверзниот Индискиот магнат Субрата РОј, нова фонтана … За мене, “Скопје 2014” е материјализирана психијатриска дијагноза. Но дијагнозата доаѓа на крајот на болеста, а болеста е она што треба да се третираат или толкува“, вели Тамара Чаусидис во воведниот дел на интервјуто.
Преку целото интевју на оваа наша новинарка се дава впечаток дека се она што се инвестира од страна на Владата за подобра иднина на македонскиот народ е безвредно за одредени индивидуи кои плукаат по новите закони, решенија, инвестиции, само затоа што додека биле на власт не успеале да го реализираат се она што го реализира моменталната владеачка партија.
Покрај тоа во интервјуто е претставено видеото за „Вистината за „Скопје 2014““, чии автор е опозициската СДСМ, која ги употребува сите свои оружја да манипулира со јавноста и да даде лажна слика за државата.
Некои се задоволни од се она што прави Владата и конкретно од проектот „Скопје 2014“, некои не се. Секогаш ќе има личности кои ќе бидат помалку задоволни од новите случувања во Македонија, но тоа не им дава за право да оставаат лоши впечатоци за Македонија и македонскиот народ, во соседството и подалеку.Хравтската јавност не е доволно запознаена со овој македонски владин проект, па преку интервју на хрватскиот медиум „Данас“, Чаусидис о