Професии за мрзеливи луѓе

Некои сакаат кариера, а на други им е важно само да заработат пари. На лесен или на тежок начин, целта на секој кој работи е да заработи. Еве некои идеи за работа, ако сте од мрзеливите луѓе. 
Библиотекар/ка
Опкружени со многу книги и луѓе кои имаат желба да учат и читаат, сè што вие како библиотекар треба да правите е да им дадете книга на читателите, да ги прибележите во тефтер и да ги предупредите кога доцнат.
Спасувач на плажа/базен
Работа за мрзливи луѓеСонце, песок, плажа, убави луѓе, бронзен тен. Сето тоа го правите на големо столче, повремено свиркате со свирче за предупредување, будно набљудувате во базенот или морето и ги потсетувате децата да не одат во длабокото. За некои, една од причините зошто оваа професија е посакувана е заради серијата „Baywatch“.
Сообраќаен полицаец
Сообраќајните полицајци доаѓаат по потреба и тоа за определена цел – да воспостават ред во сообраќајот, логично. Повремено ќе свирнат на свирчето, ќе покажат сообраќаен знак на возачите и тоа е сè.
Познат блогер
Ова е можеби најмрзливата работа што може некој да ја има. Сè што ви треба за да станете познат блогер и притоа, да заработувате е: да имате компјутер, да имате определено поле на интерес за поголема маса луѓе и да имате желба тоа да го споделувате на блог со другите. Ако сте навистина добри во тоа и блогот ви е кликан и читан од многумина, некои компании ќе сакаат да се рекламираат кај вас и така би можеле да дојдете до заработувачка. Можеби не е честа реалност кај нас, но дефинитивно е една од 10-те најкул работни позиции во светот.
Контролор на пиво
Колку и да звучи неверојатно, во светот постојат неколку среќници кои ја работат оваа работа – и тоа по цел ден. За љубителите на пивото, ова е дефинитвно работно место на кое секое утро со задоволство ќе доаѓаат со огромна насмевка на лицето. 
  
Библиотекар/ка
Опкружени со многу книги и луѓе кои имаат желба да учат и читаат, сè што вие како биб

Пронајдете не на следниве мрежи: