Полјакот Ryszard Jakubczyk го произведувал најраспространетиот амфетамин во Англија. Тој добил девет години затвор. Jakubczyk планирал на секои два дена да произведува по 40 килограми. Како цела идеја да ја добил од сценариото на „Breaking Bad“ – прокоментира главниот извршител Дејв Арчер за случајот Ryszard Jakubczyk.
Полскиот професор и неговите соработници, планирале да го снабдуваат британскиот пазар на амфетамин. Jakubczyk планирал на секои два дена да произведува по 40 килограми, кои вредат некаде околу 4 570 000 евра.
-Очекувавме чистота од 40 до 50 отсто, но овој амфетамин имаше чистота од 78 отсто. Во Велика Британија никогаш не се појавил таков амфетамин – рече Арчер, кој на Jakubczyk му се обратил со Волтер Вајт во реалниот живот.
Волтер Вајт, главниот лик од серијата, исто така беше професор по хемија кој почна да произведува амфетамин, откако дозна дека е болен од рак на белите дробови, со цел да си го обезбеди семејството.
Истражителите почнале да го прата Jakubczyk после анонимните пријави. Причекале да ја произведе пробната серија, а потоа му упаднале во тајната лабараторија. Jakubczyk добил казна од 9 години затвор, а неговите соработници, помеѓу 5 и 8 години затвор.
-Гледањето на серијата ни помогна во истрагата, а после судењето адвокатот си купи ДВД со сите сезони – призна АрчерКако цела идеја да ја добил од сценариото на „Breaking Bad“ – прокоментира главниот извршител Дејв Арчер за случајот Ryszard Jaku