Професори, интелектуалци, аналитичари и граѓани: Државничка одлука на Иванов во согласност со Уставот, против туѓи платформи

Loading...

Вистински чувар на суверенитетот, унитарноста и идентитетот на државата. Со ваков претседател ќе ги оствариме сите цели ќе ја сочуваме татковината. Ова е ставот на експертите, интелектуалците и граѓаните во врска со вчерашната одлука Претседателот Ѓорѓе Иванов.Претседателот Ѓорѓе Иванов вчера во обраќање до нацијата соопшти дека мандатот нема да му го додели на претседателот на СДСМ, Зоран Заев и оти од него побарал јавно и јасно да ја отфрли и осуди платформата на албанските партии потпишана во Тирана, под покровителство на албанскиот премиер Еди Рама.
Оваа патриотска одлука уследи откако Заев ги поднесе потребните потписи за формирање на нова Влада, но пред тоа ги прифати условите на ДУИ и албанската платформа, односно воведување двојазичност на целата територија на Македонија, промена на химната, знамето и државниот грб.
Иванов во говорот истакна дека ниту Уставот, ниту совеста не му дозволуваат да даде мандат на секој оној кој, како што рече, ќе го руши суверенитетот и независноста на Република Македонија.
Оваа одлука на Иванов е во согласност со Уставот и Деловникот на Собранието, велат експертите.
-Изјавата на претседателот Иванов ја ценам како патриотски и државнички чин којшто практично го изрази духот на волјата на огромното мнозинство од македонските граѓани кои што се повеќе и повеќе го искажуваат својот револт со оваа масовност, смета универзитетскиот професор Александар Климовски.
-Колку е важна улогата на мандатарот, а оттаму и улогата на претседателот на Републиката во определувањето на мандатарот укажуваат одредбите од Уставот на РМ, и од Деловникот на Собранието на РМ што се однесуваат на постапката за избор на Влада, вели универзитетската професорка по Уставно право, Тања Каракамишева- Јовановска.
Додава дека секое кршење на уставната и деловничката процедура за избор на Влада од кој било субјект, или партија, како и секое повикување од лица да се крши Уставот и Деловникот на Собранието мора да повлече и соодветна кривична одговорност за сите вклучени во тој чин и во таква противуставна постапка.
Универзитетскиот професор по уставно право и поранешен претседател на Собранието, Саво Климовски во изјава за Курир посочи дека одлуката на Иванов е државничка, коректна и како единствено можна во ситуација што може претседателот да ја направи во согласност со неговите овластувања и неговата заклетва да ја штити унитарноста, целокупноста и одредбите на Уставот што се однесуваат на суверенитетот на граѓаните. Климовски вели дека Иванов постапи сосема правилно, додавајќи оти со овој свој чин практично ја обелодени платформата, како што вели, врз основа на која се обидоа одредени надворешни сили заедно со овие наши велепредавници да ја рушат сувереноста и унитарноста на Република Македонија.

Универзитетскиот професор и политички аналитичар, Александар Даштевски, пак, на Фејсбук напиша „-Вистински чувар на суверенитетот, унитарноста и идентитетот на државата. Со ваков претседател ќе ги оствариме сите цели ќе ја сочуваме татковината!“
Иванов за својот говор и одлуката да не му го даде мандатот на Заев беше пофален и од американскиот аналитичар Умберто Паскали.
-Уште еднаш, Македонија му одржа лекција на светот и ја спаси својата независност. Тоа беше лекција по храброст, лидерство, уставно право, и национален суверенитет. Овој пат, лекцијата ја одржа претседателот Ѓорге Иванов, голем интелектуалец и голем државник, рече Паскали за Гласот на народот на Радио Слободна Македонија.
Освен интелектуалците и експертите, во одбрана на одлуката на Иванов се приклучија и многу граѓани кои сметаат дека тој е вистински лидер, достоен на предизвикот и тежината на функцијата.
Од друга страна, Шефот на државата беше нападнат од главниот покровител на албанската платформа, Еди Рама. Неговиот недипломатски однос кулминираше вчера кога на својот Фејсбук профил упати заканувачка порака до претседателот Иванов.
– Господине Иванов, албанскиот јазик не е на непријателот, туку на еден државотворен народ во Македонија. Без Албанците нема Македонија, драг Претседателе!, напиша Рама.
Освен од албанскиот Премиер, критики и навреди кон Иванов, но и кон Македонија упати и Месила Дода, пратеничка во Албанскиот Парламент.
-Република Македонија од денеска не постои повеќе. Нејзиниот крај си го потпиша самиот претседател на оваа држава Ѓорге иванов,. Тој е најсрамниот претседател во историјата на оваа држава. Со еден противуставен акт тој ги прогласи за непријатели пола народ од оваа лаборатористичка држава, во која не се знае како ќе има соживот наредните 2.000 години, пишува Дода на својот Фејсбук профил.
Таа во статусот упатува доста навредливи зборови кон претседателот Ѓорге Иванов, вели дека Албанците во Македонија или треба да го уништат претседателот, или сами да прогласат независност, во што би им помогнале сите Албанци.
На Фејсбук се огласи и косовскиот претседател, Хашим Тачи и напиша дека Иванов го злоупотребил Уставот и законите во неговиот, како што вели, непријателски, антиалбански пристап кон народот што сочинува една третина од жителите на оваа држава.
– Со својата одлука, претседателот Иванов ја погреба демократијата, не признавајќи ја на тој начин волјата на граѓаните, Уставот и законите и го погреба Охридскиот договор. Албанците и Македонците се народи кои учествуваат во изградбата на државата и Македонија треба да биде држава на сите нејзините граѓани. Без еднакви права на Албанците и Македонците се губи смислата на функционирањето на државата Македонија. На крајот, Албанците треба да ја земат судбината на своите права во свои раце, напиша Тачи.
 Претседателот Ѓорѓе Иванов вчера во обраќање до нацијата соопшти дека мандатот нема да му го додели на претседателот на СДСМ, Зоран Заев и оти од н

loading...