Поротата во јужна Калифорнија во понеделникот ја прогласи виновна 50-годишната Катрин Киу, обвинета дека го дрогирала својот сопруг, му го отсекла пенисот и му го фрлила во канта за отпадоци, јавува во вторникот американската телевизиска мрежа CBS.Жената е прогласен виновна за злоставување и нанесување тешки телесни повреди. Висината на казната ќе и’ биде одредена подоцна, кон крајот на јуни. Американските медиуми наведуваат дека поради свирепоста на чинот се соочува со казна доживотен затвор.Заменикот јавен обвинител на областа јужна Калифорнија во врска со овој случај изјави дека „Жената отишла во крајност со уништувањето на машкоста и нејзино фрлање во ѓубре. Таа го стори ова од одмазда, суета и љубомора“.На судењето нејзиниот 60-годишен сопруг чие име не се споменува во прилогот, изјави дека делот од отсечениот пенис не можел да се пришие назад и дека се чувствува како да умрел.Катрин Киу на сопругот во храната му ставила таблети за спиење и дерејќи се „си заслужил“ го отсекла делот од неговиот пенис со кујнски нож. Била љубоморна поради неговите планови да се разведе, бидејќи ја обновил врската со негова поранешна партнерка.Одбраната тврдела дека жената во бракот била изложена на вербално и сексуално злоставување, а и како дете во родниот Виетнам била изложена на трауми и малтретирања.
МакфаксПоротата во јужна Калифорнија во понеделникот ја прогласи виновна 50-годишната Катрин Киу, обвинета дека го дрог