Бурата Херварт, проследена од силен ветер и поројни дождови, од рано изутринава погоди делови на северна Германија и Чешка, предизвикувајќи прекини во снабдувањето со електрична енергија и проблеми во сообраќајот.Како што јави ДПА, едно лице е потешко повредено во германскиот главен град Берлин, кога налетот на силниот ветер го оттурнал од градежно скеле
Низ градот се регистирани повеќе случаи на откорнати делови од покриви и дрва, а противпожарната служба соопшти дека утрово меѓу 4 и 7 часот имала над 100 повици за интервенции.
Поради невремето, властите на Берлин утрово прогласија вонредна состојба во градот, со цел да се олесни справувањето со последиците од ударот на Херварт.
Урнати дрва и столбови предизвика прекин во железничкиот сообраќај не некои пруги во северните и централните делови на Германија, а застои во соображајот има и на повеже патни правци во шест германски покраини, вклучителчно и во реоните на Берлин и Хамбург.
Во некои делови на Германија има прекини и во снабдувањето со електрична енергија, а властите им препорачаа на граѓаните да останат во своите домови и да избегнуваат движење низ паркови и шуми.
Поројните дождови предизвикаа и зголемување на нивото на реката Елба, која се излеа од своето корито во делови на Хамбург, поплавувајќи неколку подземни паркинзи и подрумски простории во близина на речниот тек.
Во исто време, силниот ветер оштети повеќе покриви и откорна дрва и столбови во чешкиот регион Централна Бохемија и во реонот на Прага.
Во делови на северна Чешка ветерот на места дувал со бризна и до 136 километри на час, што е на ниво на ураган.
Во повеќе делови на Чешка се блокирани железнички пруги и патни правци, поради откорнати дрва и урнати столбови.
Поради силниот ветер регистрирани се и прекини во снабдувањето со електрична енергија на над 10.000 домаќинства во 10 од 14 чешки региони. Како што јави ДПА, едно лице е потешко повредено во германскиот главен град Берлин, кога налетот на силниот ветер го оттурнал од градежно скеле