Во текот на изминатиот викенд на УИНТ „Св. Апостол Павле“ се одржа програмерскиот маратон Codefest, студентски натпревар во програмирање кој траеше непрекинати 32 часа. Codefest се одржа по втор пат, во организација на тимот од студенти на УИНТ „H-Sense“, со организациска поддршка од страна на Универзитетот, Студентскиот Парламент и Студентскиот технички клуб „SITE“.130 учесници од цела Македонија поделени во 26 тимови ги „искодираа“ своите креативни и иновативни идеи.
На маратонскиот натпревар беа доделени награди во различни категории: најдобра иновација, најдобра бизнис идеја, најдобра веб апликација, најдобра мобилна апликација, најдобар дизајн и најдобра тимска соработка.
Победничкиот тим Equate од Битола, работеше на паметна апликација за телефони со која може од далечина да се регулираат уреди во домот. Ова е технологија на иднината која спаѓа во концептот на т.н. „паметни домови“.
Второто место го доби тим од студенти од Азија, кои работеа на апликација која го олеснува пишувањето пораки со тоа што истата препознава говор и самата го запишува она што корисникот и го говори, но исто така и може да му прочита веќе напишан текст на корисникот.
Трето награден беше тимот Ministry of Silly Code кој изработи на 3D игра – сложувалка со виртуелна реалност.
„Огромно е изненадувањето од интересот за Codefest оваа година како и задоволството од целокупниот тек на настанот, особено од креативноста на учесници и идеите кои ги генерираа на преку ова маратонско програмирање. На победниците им ги честититаме заслужените награди, а на сите тимови им посакуваме нивните идеи да си го најдат патот до своја крајна реализација на пазарот“ – вели Вилијам Асиама, еден од организаторите на настанот. 130 учесници од цела Македонија поделени во 26 тимови ги „искодираа“ своите креативни и иновативни идеи.
На маратонскиот натпре