Државните институции се тука, доколку постои било каква грешка, тие треба да изречат санкција, мерка, каква што законот ја препишува.Ова во изјава за вестите на МРТ го вели лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, откако фирми на членови на неговото семејство беа поврзани со производството и извозот на корнишони, кои поради вишокот на пестициди беа вратени од хрватскиот пазар.
Заев ги повикува државните институции да го решат случајот само два дена откако од Струмица изјави дека ова претставува „безобразната агресија на власта врз него и неговото семејство“, нарекувајќи го случајот „дрска, гнасна и злобна конструкција“, критикувајќи ги институциите зошто реагираа по повод отрoвните краставици извезувани од фирмите на неговото семејство.
Заев од Струмица завчера најави и тужби кон земјоделците што го поврзале неговото име со отровните корнишони што ни ги врати Хрватска, што според комуниколозите дефинитивно претставува закана. Изјавите на Заев според експертите не се тон на подадена рака и на разбирање што би се очекувало од еден политичар.
-Прво, требаше да има повик за дијалог, да се побара јавно расчистување на работите или, пак, јавно да се презентираат докази дека не постои инволвираност, па потоа да се реагира со тужби, ако има основа за тоа, смета комуникологот Гоце Пачемски.
Иако Заев звучеше прилично сигурно дека точно знае против кого и за која формулација од изјавите и објавените информации ќе поднесе тужба за клевета, од СДСМ вчера за „Дневник“ не одговорија колку евентуални тужби се подготвуваат, против кого и за што.
СДСМ продолжи со навреди кон земјоделците
Земјоделците вчера се кренаа на нозе по заканите за тужби од страна на претседателот на СДСМ и оценија дека тој зборува нешто што е недолично за лидер на голема партија. Земјоделците го осудија и завчерашното јавно омаловажување на член на СЗМ и истакнат земјоделец Никола Стаменов од страна на Заев.
Сепак, и покрај бројните вчерашни осуди, СДСМ не престана со нападите кон земјоделците, нарекувајќи ги „полтрони и измеќари на власта“.
Повеќе на КурирОва во изјава за вестите на МРТ го вели лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, откако фирми на членови на неговото семејс