Околу 200 студенти во изминатите пет години имаат добиено целосна стипендија за нивно образување на најпрестижните 100 универзитети во светот. Програмата продолжува и годинава и до 1 септември се одобрени 42 стипендии, а се уште има можност за пријавување.Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Стајковци.
– Оваа програмата шеста година се реализира. Целта на државата е да овозможи на студентите кои имаат висок капацитет и желба да се образуваат на најпрестижните универзитети во светот, независно на нивната материјална состојба, но истовремено да се обезбеди дека тие студенти ќе се вратат во РМ, рече Груевски. Додаде дека овие студенти потпишуваат договор со кој се обврзуваат дека по завршување на студиите ќе се вратат во Македонија и ќе престојуваат најмалку шест години и ќе работат или во приватен или државен сектор.
Тој потенцира дека доколку заминат порано ќе треба да ги покријат сите трошоци што ги направила државата и тоа повеќекратно. Ова, потенцира, е на некој начин гаранција за државата која ќе инвестира многу пари во нивното обазование дека тие ќе се варат и ќе престојуваат во Македонија.
Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Стајковци.
– Ова